Владимир Мартиновски: Латински мудрости римувани со современото живеење

Без латински јазик нема знаење (Sine linqua Latina nulla intelligentia)!

Оваа латинска поговорка, која се чини одамна заборавена, е појдовната идеја за збирката поезија „Дур дишам се надевам“ од познатиот македонски автор Владимир Мартиновски. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е со илустрации од Александра Филипоска. Насловот на книгата доаѓа од мислата Дур дишам се надевам (Dum spiro spero), која е една од 50-те латински поговорки што се инспирација за секоја од песните. „Дур дишам се надевам“ е еден од поводите за гостувањето на Мартиновски во „Астрорум

Владимир Мартиновски е македонски есеист, поет и прозаист, но и инструменталист на народни музички инструменти, како дел од оркестарот „Пеце Атанасовски“ и групите „Баклава“ и „Калдрма“. Роден е во Скопје во 1974 година. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што и магистрирал во 2001 година. Докторирал на Универзитетот Париз III – Sorbonne Nouvelle, на тема „Аспекти на екфразиската поезија: Ш. Бодлер, В. К. Вилијамс, С. Јаневски, В. Урошевиќ, Џ. Ешбери и И. Бонфоа“.

Работи како редовен професор на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Член е на извршниот одбор на Меѓународната асоцијација за семиотика. Член е на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност, како и на извршниот комитет на Европската мрежа за компаратистички проучувања. Член е и на ЗККМ, на ДПМ и на Македонскиот ПЕН центар.


Неговата поезија е објавена на дваесетина јазици, а има добиено и повеќе награди, како прва награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ (2009) за расказот „Бубамара на зрно од калинка“, „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата (2010) за стихозбирката „Квартети за читање, гледање, пеење и слушање“, „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра книга критики (2013) за книгата „Зоон поетикон“ и „Витез на македонскиот пишан збор“ (2014).

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.