Ване Костуранов на фестивал за сликовници во Хрватска

Познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов ќе учествува на фестивалот за сликовници „Чувари на приказните“ (Čuvari priča), што ќе се одржи од четврти до шести јули во Градската сеучилишна книжарница во Осиек, Хрватска.
Авторот на наградуваните сликовници „Ѕведено дете“ и „Девојче и мече“ ќе одржи работилница за деца на тема: „Шумите зборуваат, ние цртаме“. На настанот, што е закажан за петти јули (од 11 до 13 часот), децата, со помош на Костуранов, ќе се обидат да го нацртаат звукот на ветрот кој ги милува листовите во шумата, како и треперењето на ѕвездите на ведрото ноќно небо.

Костуранов неодамна (во Скопје и во Струмица) ја промовира својата втора сликовница: „Девојче и мече“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за топла, сонувачка приказна за другарството и за растењето.
Во книгата, едно девојче и едно мече ни ги отвораат вратите од нивниот свет, кој е исто толку обичен, колку што е необичен. Поминувајќи го сето време заедно, тие откриваат многу нови работи. Откриваат дека колку побрзо го возат велосипедот, толку посилно ветрот им ја дува косата. Се искачуваат на највисоките ридови, обидувајќи се да ги допрат сончевите зраци. Уживаат во есента, играјќи си криенка со сонцето. Сѐ прават заедно, додека еден ден…
За време на Саемот на книгата 2019, „Девојче и мече“ ја освои првата награда за најдобро ликовно-графички уредено издание на доделувањето на годинашните награди од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ).

Ване Костуранов е роден во 1979 година во Струмица. Уште од мал повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови. Неговата најголема желба – никогаш да не порасне, реши да си ја оствари сам, употребувајќи ги сликарството и илустрацијата како жива ограда од светот на возрасните. Својот светоглед го има споделено на повеќе изложби во земјата и во странство.
„Девојче и мече“ е втора сликовница за деца и возрасни на Костуранов, по успешната и наградувана „Ѕвездено дете“, што беше објавена минатата година.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.