Книгата со хаику-поезија „Дремката на облакот“ од младата поетеса Софија Бислимоски ќе биде промовирана вечерва (12 јуни, среда) во 19.30 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ во Скопје. Промоторка и рецензентка на изданието е Весна Мојсова-Чепишевска, професорка на Филолошкиот факултет. Издавач е „Либи“, дел од „Арс ламина-публикации“, а збирката е објавена во рамките на едицијата „Млади креативци“.
Проектот е изработен во текот на оваа учебна година, на часовите за креативно пишување во „Арс вивенди“, студио за креативно пишување, под менторство на Дијана Петкова. Збирката содржи осумдесет хаику-песни, а илустрацијата за корицата ја изработи сестрата на Софија, Нена Бислимоски.
Софија Бислимоски е коавторка на книгата „Тивките сили на духот“, а по објавувањето на збирката поезија „Мисли молкома“, минатата година, ова е нејзина втора книга. Песните на Софија се објавени и во дневниот весник „Нова Македонија“ во прилогот за деца „Колибри“.

Илустрацијата за корицата ја изработи сестрата на Софија, Нена Бислимоски