Промоции на „Јас сум Миа“ од Јана Мишо и „Аутопсија на љубовта“ од Moџо Килингтон во книжарницата „Литература.мк“ во Битола


На 14 јуни (петок) во книжарницата „Литература.мк“ на Широк Сокак во Битола ќе се одржат промоции на две нови книги во издание на „Арс Ламина ‒ публикации“: „Јас сум Миа“ од Јана Мишо и „Аутопсија на љубовта“ од Moџо Килингтон.

Битолската промоција на новата книга за млади, од популарната домашна авторка Јана Мишо ќе почне во 18 часот. Ова е трета книга на Мишо, по „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и првo издание за тинејџери. „Јас сум Миа“ почна како интернет-сензација со епизоди, која е преточена во комплетно книжевно дело. Приказната се движи околу тинејџерката Миа, чија симпатија е Стефан.
Но, Стефан има девојка! И не можете ни да замислите каков проблем е тоа. Поточно, тоа ти е најголем проблем, додека некој тајно не те сними како правиш беља… И не го покаже тоа на интернет. Фино е да бидеш популарна онлајн, ама дали е фино секаде да те препознаваат и да знаат што си направил? И тинејџерски проблеми, и другарки и другари и љубов и… мала мистерија.
Книгата „Јас сум Миа“ беше промовирана минатиот месец за време на 31. издание на Саем на книгата во Скопје. Таа беше и најпродаваниот наслов на штандот на „Литература.мк“ и „Арс Ламина“.

Во 20 часот ќе почне промоцијата на првата збирка поезија „Аутопсија на љубовта“ од младиот битолски автор Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон.
„Аутопсија на љубовта“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше премиерно претставена во април 2019 година во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, Скопје.
Книгата содржи длабоко интимна поезија, еден вид внатрешна исповед на авторот. Тој се соголува себеси, интензивно чувствува љубов, копнеж, страв, безнадежност, апсурд… Помеѓу стиховите во кои се испреплетуваат тагата, болката и разочарувањето, како противтежа, авторот ја спротивставува љубовта како нешто што ќе го спаси светот. На границата помеѓу животот и смртта, сонот и јавето, постоењето и непостоењето, ангелите и демоните, е таа ‒ неговата љубена, по која тој посега, а патиштата никако да им се вкрстат. Како расипан часовник чиишто показалки се застанати далеку една од друга, проколнати да не се сретнат никогаш.
Моџо Килингтон е писател, сценарист, активист на социјалните мрежи. Познат е и по популарната македонска комична и сатирична телевизиска емисија „Фчерашни новости“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.