Пионерот на македонскиот графички дизајн – Костадин Танчев – Динка, гостин во „Астрорум“

Во ова издание на „Астрорум“ гостува македонскиот уметник, дизајнер и ликовен педагог, професор Костадин Танчев – Динка, пионерот на македонскиот графички дизајн.
Костадин Танчев е роден во 1940 во Валандово, а училиште за применета уметност завршил во Скопје во 1961 година. Од 1961 г. студира на Академијата за применета уметност во Белград, а по завршувањето на првиот степен, по препорака на Универзитетскиот совет на Белградскиот универзитет во текот на 1963/1964 бил на специјализација во Лондон. Од 1969 до 1970 година работи во секторот за маркетинг во НИП „Нова Македонија“. Од 1973 до 1975 година престојувал во Париз каде што изложувал во повеќе галерии. Во 1975 учествувал на изложбата „50-те млади надежни сликари“ на Мајскиот салон „Дефанс“ во Париз.

По враќањето од Париз, од 1975, продолжува да работи како раководител на секторот за графички дизајн и ентериер во Културно-информативниот центар во Скопје. Во периодот од 1978 до 1981 година активно учествувал во научните истражувања и во реализацијата на новите форми на културна комуникација и творештво, што се изведувале во рамките на Естетичката лабораторија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.


Од 1985 е избран за професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во графичкиот оддел по предметите цртање и графика со графички техники. Истовремено, во овој период е ангажиран во изведувањето на наставата во насочениот дел од студиите, во насоката графички дизајн и под негово менторство со успех се одвива наставно-образовниот процес по опрема на книга и илустрација, фотографија, визуелни комуникации, плакат и графички стандарди.

Учествува во реализацијата на издавачката дејност на факултетот, особено во издавање на Графичката мапа на професорите на ФЛУ во 1987, публикацијата по повод десетгодишниот јубилеј на ФЛУ, студентската мапа од 1986 и поголем број каталози и идејни решенија за потребите на факултетот.


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.