Марија ја чита книгата „Вештерки“ од Роалд Дал


Дали се плашите од вештерки? Дали приказните за вештерките се пострашни додека ги читате или откако ќе ги прочитате? Како изгледаат вештерките? Како може да се победат? Ова се прашањата за кои зборува Марија во новото видео на каналот „Читаме со Марија и Маги“, посветено на книгата „Вештерки“ од омилениот британски автор за деца Роалд Дал.
Во бајките вештерките вообичаено носат смешни црни шапки и наметки и јаваат на метли. Но, ова не е бајка. Ова е приказна за „вистински вештерки“. Најважното што треба да го знаеш за нив е следново: тие се облекуваат во обични алишта и горе-долу се исти како обичните жени. Живеат во обични куќи и се занимаваат со „обични работи“.

Книгата на македонски јазик е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – публикации“. Таа е една од трите наслови од едицијата „Бестселери за деца“ од најдобриот светски раскажувач – Роалд Дал.
Покрај оваа книга достапни се „ГДЏ“ и „Џејмс и џиновската праска“ , за кои двете сестри, Марија и Маги, веќе снимија видеa. Доколку сте ги пропуштиле може да ги погледнете во продолжение.

Книгите може да ги најдете во книжарниците на „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“ „Скопје сити мол“, „Веро Центар“ во Скопје и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Може да се нарача и онлајн преку http://www.literatura.mk на следниот линк.

 

Марија ја чита „ГДЏ“ од Роалд Дал

 

Маги ја чита „Џејмс и џиновската праска“ од Роалд Дал

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.