Коментаторите Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ од ТВ „Арена спорт“ во „Астрорум“

По гостувањето на врвниот македонски новинар Зоран Михајлов, во „Астрорум“ го отворивме патот и за новинарските ѕвезди од доменот на спортот. Со голема радост ви го најавуваме разговорот со Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, спортските новинари од ТВ „Арена спорт“, кои неодамна, со своите високопрофесионални и емотивни водења на преносите на натпреварите на ракометниот клуб Вардар на неговиот пат до европскиот врв, не само што го надоместија отсуството на пренос со македонски коментар, туку и покажаа како треба да изгледа модерното спортско коментаторство. Со тоа и го освоија срцето на целокупната македонска јавност.

Надвор од нивната работна агенда, а на иницијатива на нивните македонски фанови, тие својата келнска авантура, наместо во Белград, ја завршија во Скопје, на свечениот пречек на градскиот плоштад, заедно со вардровите шампионски ракометари. Оттука, нема сомнеж дека Рашковиќ и Стевановиќ се новите македонски миленици.

Инаку, Сретен Рашковиќ е роден во Белград на 18 ноември 1983 година. Тој е дипломиран спортски новинар на Факултетот за спорт во Белград. Во минатото тренирал ракомет, а веќе десетта година работи како коментатор во ТВ „Арена спорт“ и се наближува до својот 2000-ти пренос. Најголемиот број од нив се ракометни натпревари. Покрај ракометот, тој е вљубеник и во јужноамериканскиот фудбал.

Неговиот колега Стеван Стевановиќ е роден во Белград на 22 јуни 1982 година. Тој е дипломиран економист и во моментов работи на својата магистерска теза на постдипломските студии по новинарство на Факултетот за политички науки во Белград. Неговата постојана работа е во успешна компанија за големопродажба на оков за мебел, а спортското новинарство во ТВ „Арена спорт“, што трае полни девет години, го работи хонорарно. Инаку, активно тренирал ракомет од 1991 до 2011 година и потпишал професионален договор со Црвена звезда, но заради тешката повреда на рамото и неколкуте операции, не можел да продолжи со професионалната ракометна кариера.
Ние, во нивниот кус престој во Скопје, а екстремно големиот интерес од многу македонски медиуми, ја добивме ексклузивната можност да снимиме цело едно издание на емисијата „Астрорум“.

 

 

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.