Во најновото издание од серијалот „Астрорум“ можете да ја видите средбата пред камерите со хрватската колумнистка и писателка со огнен јазик, Ведрана Рудан. Кој имал можност да се запознае со нејзиниот наратив без пардон, а особено со нејзината контроверзна личност, знае за каков предизвик станува збор. Но, едно е сигурно, дека оваа вонредно интелигентна, исклучива и безкомпромисна жена, со нулта толеранција кон политичарите, насилниците, лицемерите, самобендисаните и лажни авторитети, е жежок костен за секој новинар. И бездруго, вистински тест за новинарскиот дигнитет.
Ова интервју завршува како дуел без ниту една жртва, а главниот повод беше да ја запознаеме авторката на најнова книга на македонски јазик, „Костурите на округот Медисон“ во издание на Арс Ламина публикации.