Под мотото „Пронајди се во добра книга“, издавачката куќа „Арс Ламина ‒ публикации“ и книжарниците „Литература.мк“ на годинашниот Саем на книгата понудија богата програма. Во седумтте саемски денови посетителите имаа можност да присуствуваат на десет промоции на книги од домашни автори и познати имиња од Унгарија, Србија, Хрватска и Албанија, беа понудени 400 нови наслови, повеќе од 1000 книги белетристика, книжевност за деца и стручна литература. Голем интерес имаше за изданиjата за најмладите, за новите светски наслови од белетристиката, како и за стручните книги. Новите наслови од домашните, регионални и светски автори беа и меѓу најбараните оваа година. Ви ја претставуваме топ-10 листата со најпродавани книги на Саемот на книгата 2019.
1.„Јас сум Миа“ од Јана Мишо
Новата книга за млади „Јас сум Миа“, од популарната домашна авторка Јана Мишо, е најпродаван наслов на годинашниот Саем на книгата. Книгата, уште пред својата официјална промоција, која се одржа во саемските денови, на 11 мај, беше најбарана, пред се’ од младата, тинејџерска публика. Приказната за Миа почна со колумните на Јана Мишо објавени на hashtag.mk/jas-sum-mia, продолжи со првиот роман „Јас сум Миа“, во издание на „Арс Ламина“, и секојдневно се развива преку социјалните мрежи, и во коминикацијата со обожавателите.
Книгата „Јас сум Миа“ од Јана Мишо е достапна во книжарниците „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ бр. 21, во City Mall (втор кат), Ramstore Mall (прв кат), „Веро Центар“, и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Може да се нарача и онлајн, на следниот линк.
2.„Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон
Светскиот бестселер „Е, баш ме заболе!“ од Марк Менсон, стана една од најпродаваните книги во „Литература.мк“. Книгата, која за само неколку месеци доби второ издание, објавено од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најде на втората позиција по продаваност на годинашниот Саем. Во оваа книга-водич за самопомош, што дефинира една цела генерација, авторот, кој е суперѕвезда во блогерските кругови, не нè замајува со тези од типот дека треба постојано да се обидуваме да бидеме „позитивни“, за навистина да станеме подобри и посреќни луѓе. Веќе со децении ни се сервира тезата дека позитивното мислење е она клучното што води кон среќен и исполнет живот. Но, Марк Менсон вели: „Море кој ја ‘врти’ позитивноста. Да бидеме искрени – нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив онакви какви што се“. На неговиот многу популарен блог на интернет, Менсон ниту ја бојадисува стварноста во розово, ниту ја заобиколува. Тој ги изложува работите токму онакви какви што се, што е една вистинска доза необработена, свежа и искрена вистина – нешто што денес навистина ни недостига.
Книгата „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон е достапна во книжарниците „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ бр. 21, во City Mall (втор кат), Ramstore Mall (прв кат), „Веро Центар“, и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Може да се нарача и онлајн, на следниот линк.
3. „Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама
Автобиографската книга „Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама, која урива рекорди во светски рамки, со продадени над 10 милиони копии, и е на добар пат да стане најпродаван мемоар на сите времиња – е една од најбараните книги на годинашиот Саем на книгата. Мемоарите на г-ѓа Обама се се објавени на 30 јазици, межу кои и на македонски. Македонскиот издавач – „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ја објави книгата на нашиот пазар, само неколку месеци по објавувањето во САД. Книгата е поделена во три дела: „Како настанав јас“, „Како настанавме ние“ и „Како настанавме уште повеќе“, а во нив пишува за своето детство, студентските денови, расизмот, бракот со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, за нивните ќерки и искуството во политиката.
„Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама е достапна во сите продажни места на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Книгата може да се нарача и онлајн преку http://www.literatura.mk на следниот линк.
4. „Солунска 28“ од Неле Карајлиќ
Ѕвездата на „Забрането пушење“ и „Топ-листа на надреалистите“, д-р Неле Карајлиќ, на 9 мај ја промовира својата втора книга „Солунска 28“ на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“, за време на Саемот на книгата. Романот, кој неодамна ја доби престижната српска книжевна награда „Момо Капор“, на македонски јазик го објави „Арс Ламина ‒ публикации“. Спојувајќи ги најдобрите состојки на јужноамериканскиот магиски реализам и сараевскиот нов надреализам, д-р Карајлиќ ни раскажува за историјата на една куќа во дорќолската улица и нè води во просторот од другата страна на огледалото, на тромеѓата на животот, смртта и вечноста.
„Солунска 28“ од Неле Карајлиќ е достапна во сите продажни места на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Книгата може да се нарача и онлајн преку http://www.literatura.mk на следниот линк.
5. „Костурите на округот Медисон“ од Ведрана Рудан
Македонското издание на книгата „Костурите на округот Медисон“ од една од најпопуларните регионални авторки, Ведрана Рудан, предизвика голем интерес на саемот на книгата. Во полифоничниот роман „Костурите на округот Медисон“, Ведрана Рудан бескомпромисно и духовито, а над сè уметнички успешно, зборува за родителите, децата, љубовта и сексот. Таа ги разбива стереотипите за пожртвуваните мајки, послушните ќерки, посветените сопрузи и злобните љубовници. Стереотипите поради кои сите тие стануваат жртви.
„Костурите на округот Медисон“ од Ведрана Рудан е достапна во сите продажни места на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Книгата може да се нарача и онлајн преку http://www.literatura.mk на следниот линк.
6. „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!: најсмешни вицови за деца“
Добриот виц има моќ да ги смири подивените, занесените да ги натера да слушаат, а влечковците да побрзаат за да не испуштат здраво смеење. Вицовите можете да ги употребувате за да ги извлечете наутро спанковците да не задоцнат во училиште или за да промените несакана тема, да подобрите нечие расположение, па и да го заокружите денот насмеани. Такво е книжето „Најсмешни вицови за деца“ – предизвикува искрена смеа и одлично расположение.
Оваа книга за деца, но и за возрасни, е достапна во сите продажни места на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Книгата може да се нарача и онлајн преку http://www.literatura.mk на следниот линк.
7. „Исидора Мун оди на панаѓур“ од Хариет Мункастер
Еден од најпопуларните книжевни серијали за деца, „Исидора Мун“ од Хариет Мункастер продолжува да одушевува со своите изданија. Издавачот „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, досега има објавено осум книги за малата Исирора Мун, која еполовина самовила, половина вампир. На ова саемско издание најбарана беше приказната „Исидора Мун оди на панаѓур“. Во книгата, Исидора со нетрпение ја очекува нејзината прва посета на панаѓурот, но кога ќе пристигне таму, не е ни приближно толку волшебно како што очекуваше. Можеби едно благо замавнување со волшебното стапче или, пак, капка волшебна напивка би можела да го направи панаѓурот навистина спектакуларен… Што би можело да тргне наопаку…?
„Исидора Мун оди на панаѓур“ од Хариет Мункастер и останатите изданија од овој серијал се достапни во сите продажни места на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Истите може да се нарачаат и онлајн преку http://www.literatura.mk на следниот линк.
8. „Моите изуми“ од Никола Тесла
Малку луѓе во историјата дале толкав придонес кон погодностите на современото секојдневие како Никола Тесла. Неговите дела овозможиле електричната енергија да допре до сите катчиња на нашата планета, а нејзината примена да експлодира во безброј области на човековиот живот – процес кој речиси незапирливо продолжува долги години по неговата смрт. Оставштината на Тесла е богата, секогаш актуелна и неисцрпен извор на инспирација. Но, и покрај тоа што влијанието на Тесла е толкаво што е речиси невозможно да се исцрпат епитетите, неговата застапеност во јавниот дискурс е изненадувачки мала, особено во Западната културна сфера. Оваа автобиографија дава увид во фасцинантниот внатрешен свет на еден од најголемите гении, но притоа на разбирлив јазик зборува и за техничката природа на неговите изуми. Правејќи го тоа, Тесла на посреден, но уверлив начин ни ја презентира својата визија за еден подобар, поправичен и помирен свет – свет чија благосостојба не е нус-производ на борбата за профит, туку е резултат на искрената, автентична желба за подобар живот на сите, без очекување награда.
Книгата „Моите изуми“ од Никола Тесла е достапна во сите продажни места на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Книгата може да се нарача и онлајн на следниот линк.
9. „Кој Владее со светот“ од Ноам Чомски
Во оваа продорна и темелна анализа на актуелната меѓународна ситуација, Ноам Чомски истражува како, и покрај подемот на Европа и Азија, САД сè уште ги одредуваат глобалните текови. Повикувајќи се на најразновидни примери, од американското инволвирање во Куба до санкциите против Иран, Чомски ни покажува како декларациите за слобода и демократија честопати не се согласуваат со акциите во вистинскиот свет. Покрај ова, обрнува внимание на изборот на Трамп и што тоа зборува за американското општество. Книгата „Кој владее со светот?“ е жесток напад врз светогледот презентиран од мејнстрим медиумите и како таков е неизоставно четиво за секој што сака да знае повеќе од новинските наслови. „Кој Владее со светот“ од Ноам Чомски е достапна во сите продажни места на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Книгата може да се нарача и онлајн на следниот линк.
10. „Бајки од Македонија за цела година“
Ново луксузно издание – „Бајки од Македонија за цела година“, кое беше промовирано на 13 мај, за време на Саемот на книгата, е проект од јавен интерес на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Ова богато илустрирано издание содржи 52 македонски бајки и басни од нашата фолклорна традиција што се читаат во текот на целата година, а читателите се запознаваат со многу нови интересни ликови кои се соочуваат со разни предизвици. Во книгата се сместени најубавите бајки од македонската народна традиција. Дали сте чуле за девојката Злата Позлатена? А за мома Тентелина и волците? Кој ја знае приказната за ламјината ќерка Црнодреха? А сакате ли да дознаете зошто еден кнез се научил да плете кошници? И кој бил змејот од Пелистер? Приказните во оваа книга ќе ја разбудат фантазијата на секое дете кое со возбуда ќе сака да ги прераскажува повторно и повторно. „Бајки од Македонија за цела година“ е достапна во сите продажни места на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“, „Веро Центар“, и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Книгата може да се нарача и онлајн на следниот линк.