Повеќе илјади посетители, десет промоции и четири награди од МАИ за „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на Саемот на книгата 2019

Неколку илјади љубители на книгата, од сите генерации, го посетија штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на Саемот на книгата 2019, што од 8 мај до денеска (14 мај) се одржа во ВИП арената „Борис Трајковски“.
Вчера, на претпоследниот саемски ден (13 мај), се одржа промоцијата на „Бајки од Македонија за цела година“ ‒ проект од јавен интерес на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Истиот ден беше промовирана и новата книга „Вампирџија“ од наградуваниот македонски писател Владимир Плавевски.

Владимир Плавевски на 13 мај ја промовираше новата книга „Вампирџија“

Издавачката куќа „Арс Ламина“ доби четири признанија на доделувањето на годинашните награди од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), која по третпат ги избра најдобрите изданија, автори и издавачи кои го одбележаа периодот меѓу двата саема на книгата.
„Арс Ламина“ освои прво место во категоријата за најдобра едиција, за „Лесно читливи лектири“, едиција на лектири за основно образование препорачани од Здружението за дислексија „Ајнштајн“ и Филозофскиот факултет – Скопје. Се закити и со први награди за најдобро ликовно-графички уредено издание за сликовницата „Девојче и мече“ од авторот Ване Костуранов, како и за најдобра книга за деца и млади ‒ „Џиновска продавница за фантазии“ од авторката Бистра Георгиева и илустраторката Моника Каретеро. Управниот одбор на МАИ ѝ додели на „Арс Ламина“ и специјална награда за општествена одговорност и тоа за повеќе проекти, донации и спонзорства: „Лесно читливи лектири“ во соработка со Здружението за дислексија „Ајнштајн“, донација на библиотека во Детската клиника за онкологија, донација на учебници во Општина Пустец, Мала Преспа во Р. Албанија, поддршка на документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) и низа донации за општествено ранливи групи.

Издавачката куќа „Арс Ламина“ доби четири признанија на доделувањето на годинашните награди од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ)

Под мотото „Пронајди се во добра книга“, годинава издавачката куќа „Арс Ламина ‒ публикации“ и книжарниците „Литература.мк“ понудија богата програма: десетина промоции на книги од домашни автори и познати имиња од Унгарија, Србија, Хрватска и Албанија, 400 нови наслови, повеќе од 1000 книги белетристика, книжевност за деца и стручна литература.

На штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ се одржаа ексклузивните промоции на: „Костурите на округот Медисон“ од популарната хрватската писателка Ведрана Рудан; „Солунска 28“ – втората книга на ѕвездата на „Забрането пушење“ и „Топ-листа на надреалистите“, д-р Неле Карајлиќ; како и за сликовницата „Самовилата која гледа во темнина“ од унгарскиот автор Ласло Багоши.

Популарната хрватската писателка Ведрана Рудан ја промовира книгата „Костурите на округот Медисон“ на македонски јазик

Програмата беше збогатена со промоциите на: новата книга за млади „Јас сум Миа“, од популарната домашна авторка Јана Мишо, изданијата за деца: „Дружината на борот и други приказни“ од Снежана Анастасова-Чадиковска и „Игра со именки“ од Оливија Георгиевска, со илустрации од Ивана Јовановска, збирката раскази „Човештина“ од Сибо и „Секој полудува на свој начин“ од албанскиот автор Стефан Чапалику.

Популарната домашна авторка Јана Мишо ја промовира книгата „Јас сум Миа“

Посетителите на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ имаа можност да се дружат и да добијат потпис на својот примерок од повеќе автори: Давор Панчевски („Dave’s Kitchen: Најдоброто од македонската кујна“), Бистра Георгиева („Џиновска продавница за фантазии“), Кристина Димовска („Светлината на Сатурната“), Владимир Мартиновски („Дур дишам се надевам“), Ерина Богоева („Скопје: Архитектурата како фотографска скулптура“), Моџо Килингтон („Аутопсија на љубовта“), Ване Костуранов („Девојче и мече“) и Зоран Михајлов („Спортски стории: записи, настани и сеќавања“).

Промоцијата на збирката раскази „Човештина“ од Сибо се одржа на 12 мај.

Авторите Сибо и Јана Мишо

Ведрана Рудан потпишува примероци од „Костурите на округот Медисон“

Ведрана Рудан

Промоцијата на „Костурите на округот Медисон“ од Ведрана Рудан се одржа на 10 мај

Д-р Неле Карајлиќ ја промовира книгата „Солунска 28“

Неле Карајлиќ ја промовира книгата „Солунска 28“ на 9 мај

Унгарскиот автор Ласло Багоши ја промовира сликовницата „Самовилата која гледа во темнина“

Промоцијата на сликовницата „Самовилата која гледа во темнина“ беше промовирана на 9 мај

Давор Панчевски ја потпишуваше својата книга „Dave’s Kitchen: Најдоброто од македонската кујна“

Бистра Георгиева ја потпишуваше својата книга „Џиновска продавница за фантазии“

Ване Костуранов ја потпишуваше својата книга „Девојче и мече“

Од промоцијата на „Секој полудува на свој начин“ од албанскиот автор Стефан Чапалику

Албанскиот автор Стефан Чапалику ја промовира книгата „Секој полудува на свој начин“

Книгата „Игра со именки“ од Оливија Георгиевска, со илустрации од Ивана Јовановска беше промовирана во неделата, на 12 мај

Оливија Георгиевска ја промовираше книгата за деца „Игра со именки“

Промоцијата на „Бајки од Македонија за цела година“ ‒ проект од јавен интерес на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“

Промоција на „Бајки од Македонија за цела година“

Од промоцијата на промоцијата на „Вампирџија“ од наградуваниот македонски писател Владимир Плавевски.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.