„Арс Ламина“ и „Браво Сине!“ ја промовираа новата книга „Бајки од Македонија за цела година“

Најмладите љубители на безвремените приказни во кои сѐ е можно, но и возрасните кои веруваат во моќта на имагинацијата, отсега имаат нови приказни, по една за секоја недела. Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ денеска (13 мај) го промовираа новото издание „Бајки од Македонија за цела година“, на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина ‒ публикации“ и книжарниците „Литература.мк“ на годинашниот Саем на книгата.

– Горди сме што и годинава нашата мисија – поддршка на креативноста во чест на големиот креативец Иво Лауренчиќ, но и човек кој неизмерно ги поддржуваше младите е исполнета со ново вредно дело. Создавање на нови вредности базирани на традиција и народно творештво е навистина од огромно значење за целото општество. Истовремено, многу сме среќни што успеавме традиционалното народно творештво да го прикажеме на еден современ начин кој одлично комуницира со денешните љубители на убавиот пишан збор“ – истакна Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“.

Новото издание е составено од 52 бајки од македонското народно творештво, односно по една бајка за секоја недела во годината. Бајките се избор од собраните народни приказни од Марко Цепенков, Стефан Верковиќ и Танас Вражиновски. Креативниот концепт и илустрациите се изработени од илустраторката Катерина Николовска, која работеше и на креативните решенија на претходните изданија на „Бајки од Македонија“, а адаптацијата на приказните е на Билјана Црвенковска.

– Иако живееме во време на паметни телефони, искуството покажува дека луѓето, а особено младите, сакаат да читаат добра и интересна литература, базирана на вистински универзални вредности. Токму ваквото сознание беше потврда за нашата досегашна работа, но и мотив да продолжиме со креирање на нови содржини. Првото издание на „Бајки од Македонија“ е вистински миленик на читателската публика, убедена сум дека и новото проширено издание ќе биде омилено четиво со кое ќе растат многу нови генерации и нивните родители“ – рече Бранка Бугариска, раководител на издаваштво во „Арс Ламина“.

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“, чија цел е поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија – Иво Лауренчиќ.

Ова е четврти заеднички проект на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“. Во рамките на заедничката соработка, досега се издадени неколку изданија: „Бајки од Македонија“, „Басни од Македонија“ и авторската бајка за деца „Мистериозното јајце“ на авторот Оливер Коларевски, кој го напиша текстот и целосно ги изработи илустрациите. Едицијата „Бајки од Македонија“ досега е преведена на неколку светски јазици, а објавено е и издание со Брајово писмо.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.