Дружба со авторите на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на отворањето на Саем на книгата 2019

Под мотото „Пронајди се во добра книга“, на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина ‒ публикации“ и книжарниците „Литература.мк“ беше одбележан почетокот на 31. издание на Саемот на книгата, што до 14 мај ќе се одржува во ВИП арената „Борис Трајковски“. Вчеравечер, со коктел и дружба со авторите, преставници од дипломатскиот кор и Министерството за култура, беше свечено отворено 31. издание на најголемата книжевна манифестација кај нас.
На првиот саемски ден (8 мај) се одржа потпишување на книгите и дружба со Давор Панчевски ‒ автор на „Dave’s Kitchen: Најдоброто од македонската кујна“ и Бистра Георгиева ‒ авторка на сликовницата „Џиновска продавница за фантазии“.

На штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ годинава ќе се одржат десетина промоции на книги од домашни автори и познати имиња од Унгарија, Србија, Хрватска и Албанија. Понудени се повеќе од 400 нови наслови, повеќе од 1000 книги за сите генерации, од белетристиката, книжевност за деца и стручната литература, како и попусти до 70 %.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.