Со коктел, попусти и слатки изнедувања за најмладите читатели, на 24.04 2019 г. беше отворена новата книжарница на „Литература.мк“ во „Веро центар“ – Скопје. Продажното место е сместено на првото ниво, во близина на влезот за супермаркетот.
„Литература.мк“ носи литературна свежина во еден од најпосетените трговски центри во Скопје, продолжувајќи да ги пласира светските книжарски трендови, со изданија за целото семејство. Во понудата се познати домашни и светски наслови, од најголемите издавачки куќи кај нас. Застапен е голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, на повеќе јазици.
Ова е петта книжарница на „Литература.мк“, по продажните места на улицата „Македонија“, во „Скопје сити мол“ и ТЦ „Рамстор“ во Скопје и на Широк Сокак во Битола.