Промоција на „Аутопсија на љубовта“ од Moџо Килингтон во издание на „Арс Ламина“

Поетската книга „Аутопсија на љубовта“ од Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон, ќе биде промовирана денеска (18 април 2019 год.) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, со почеток во 19 часот. „Аутопсија на љубовта“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е прва книга на младиот автор.

Книгата содржи длабоко интимна поезија, еден вид внатрешна исповед на авторот. Тој се соголува себеси, интензивно чувствува љубов, копнеж, страв, безнадежност, апсурд… Токму тој бодлеровски призвук, емоционално жестоките слики со силно изразени контрасти се најсилната страна на поезијата на Моџо. Помеѓу стиховите во кои се испреплетуваат тагата, болката и разочарувањето, како противтежа, авторот ја спротивставува љубовта како нешто што ќе го спаси светот. На границата помеѓу животот и смртта, сонот и јавето, постоењето и непостоењето, ангелите и демоните, е таа, неговата љубена, по која тој посега, а патиштата никако да им се вкрстат. Како расипан часовник чиишто показалки се застанати далеку една од друга, проколнати да не се сретнат никогаш.

Моџо Килингтон е писател, сценарист, активист на социјалните мрежи. Дел е и од популарната македонска комична и сатирична телевизиска емисија „Фчерашни новости“. Уредник е на интернет страницата ФН, ориентирана на комедија и сатира, која објавува сатирични „вести“ кои низ хумор ги коментираат дневните политички настани во Македонија.
„Аутопсија на љубовта“ беше најавена на социјалните мрежи со видеа снимени од неколку јавни личности меѓу кои: Ана Бунтеска, Бранко Огњановски, Дукица Петрофф и Ѓорче Ставрески.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.