Книгата „Реторика – Историски и современи аспекти“ промовирана на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Во присуство на многубројни студенти и професори денеска (десетти април) во конференциската сала на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип беше промовирана книгата „Реторика – Историски и современи аспекти“, која е во издание на „Арс Ламина ‒ публикации“. Зад ова дело стојат група автори-професори: Мирјана Поленак-Аќимовска, Владо Бучковски, Гоце Наумовски, Димитар Апасиев и Јован Андоновски. Промоцијата ја отвори Марија Коцева, со својот победнички говор од  Ораторската вечер, која ден претходно се одржа во Штипскиот универзитет. Таа и нејзините колеги-студенти, кои ги освоија првите три места, добија примерок од книгата „Реторика“.

Во име на автотскиот тим, на промоцијата се обрати професорката Мирјана Поленак-Аќимовска

Пред присутните се обратија професорката Мирјана Поленак-Аќимовска, како претставник на авторите, проректорот на Штипскиот универзитет, проф. д-р Кирил Барбареев и проф. д-р Трајче Стојанов.
Во основата, „Реторика – Историски и современи аспекти“ смета дека вистината се наоѓа во средбата помеѓу двата збора – на оној што говори и на оној што слуша, а сака да говори. Им служи и на трети лица, бидејќи подразбира дека, во секој случај, треба да се води сметка за верувањата и вредностите на сите што се противници на изречената реч.

Промотор на книгата беше проректорот на Штипскиот универзитет, проф. д-р Кирил Барбареев

Ова четиво може да се чита на различни начини и да се восприема различно. Преку него можат да се добијат основните знаења за реториката како вештина и дисциплина, да се дознаат историските и современите аспекти на реториката, но и да се пронајдат практични совети како да се одржи еден добар говор, како да се учествува во дебата, како да се сфати намерата на противникот во спорот и, на крајот, како да се победи.
Книгата содржи познати судски говори од: Сократ, Цицерон, Томас Мор, Вероника Франко, Жан-Пол Мара, Сузан Ентони и Вељко Губерина.

Ова е втора промоција на книгата „Реторика – Историски и современи аспекти“, што претходно беше претставена на 20 март 2019 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Скопје.

 

Кон „Реторика...“ се осврна и проф. д-р Трајче Стојанов

Промоцијата ја отвори Марија Коцева, со својот победнички говор од  Ораторската вечер, која ден претходно се одржа во Штипскиот универзитет

Покрај Мирјана Поленак-Аќимовска, зад оваа книга стојат и професорите: Владо Бучковски, Јован Андоновски, Гоце Наумовски и Димитар Апасиев (десно, прв ред)

Студентите кои ги освоија првите три места на Ораторската вечер во Штипскиот универзитет  добија примерок од книгата  „Реторика“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.