Љубителите на пишаниот збор во Холандија минатиот викенд имаа можност, наместо со билет, да платат превоз со воз со читање книга. Станува збор за традиционална практика, за време на годишната прослава на книгата.
Секоја година, почнувајќи од 1932 година, Холандија го организира настанот „Букенвик“ (Boekenweek) – денот кога се прославува литературата со разни фестивали и книжевни настани низ целата земја. Традиционално, познат холандски автор пишува посебен роман како неделен подарок, што (почнувајќи од 2012 година) бесплатно им се дава на луѓе кои купуваат книги за време на свеченостите или се пријавуваат во библиотеката. Оваа година станува збор за роман од познатиот холандски автор Јан Сибелинк. Тој се качи на воз за Утрехт за да ги запознае патниците и да чита делови од своја книга.
Холандската железничка компанија веќе 18 години е спонзор на годишните прослави – па дури и организира книжевни настани со врвни автори во своите возови. Нивната цел е да потсетат дека читање е еден од најдобрите начини да се потроши времето додека патувате со воз.
„Букенвик“ е годишен настан што трае десет дена на крајот на март посветени на холандската книжевност. Секоја година има различна тема, а вклучува различни активности, како бесплатно делење книга специјално напишана за манифестацијата од страна на холандски или фламански автор.

2017-04-19 15:49:47 AMSTERDAM – Mappen tijdens de presentatie van de nieuwe Boekenweekauteur voor de 83ste Boekweek 2018 door stichting CNPB. ANP KIPPA LEVIN EN PAULA