Оваа наша земја може да биде медена земја


Тимот на „Медена земја“ со голема радост сака да ве извести дека отсега постои реална можност да нарачате и да добиете тегла мед добиен на одржлив начин од „Медената земја“.
Станува збор за донаторска кампања чијшто партнер и поддржувач е „ДХЛ Експрес“ и без кои оваа кампања не ќе беше возможно да се реализира. Единствено со „ДХЛ Експрес“ медот ќе стигне до вас каде и да сте во светот, а вашата помош ќе дојде до оние на кои таа навистина им е потребна. Секој што сака да им помогне на протагонистите од филмот, тоа може да го направи преку официјалната страница: honeyland.earth, каде што ќе ги најдете и сите дополнителни информации околу сметката и плаќањето.

На 8 април во Нион, Швајцарија, во рамките на Филмскиот фестивал „Визион ду реел“ (Visions Du Reel), се одржа европската премиера на „Медена земја“

Што се однесува до патот на филмот, на осми април во Нион, Швајцарија, во рамките на Филмскиот фестивал „Визион ду реел“ (Visions Du Reel), се одржа европската премиера на „Медена земја“.
По проекцијата, со силен аплауз и овации на сцената беа поздравени режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котевска, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, и главната протагонистка на документарецот – Атиџе.

Главната протагонистка на документарецот – Атиџе присуствуваше на европската премиера на „Медена земја“

Неслучајно, официјалната европска премиера на документарниот филм-победник на престижниот филмски фестивал „Санденс“ се одржува во Швајцарија. Всушност, филмот е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем“. На премиерата во Нион присуствуваа и претставници од Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија, како и од „Фармахем“. Во рамките на Филмскиот фестивал „Визион ду реел“, филмот имаше уште една проекција, во Театар де Марен.

Публика од над 1500 луѓе ја гледаа „Медена земја“ на белградскиот фестивал за долгометражен документарен филм „7 Величествени“

Вчеравечер (9 април), пред публика од 1500 луѓе, филмот „Медена земја“ го отвори престижниот белградски фестивал за долгометражен документарен филм „7 Величествени“ (Мagnificent 7). На овој фестивал ќе се прикажат најдобрите седум долгометражни документарни филмови што оставиле најголем печат во светската кинематографија за последнава година.
На 13 април документарецот гостува во Лондон, во рамките на „Фрејмс оф репрезентејшн“ (Frames of Representation) во Институтот за современи уметности на Велика Британија. На 19 и 20 април го очекуваат проекции на Филмскиот фестивал во Сан Франциско.

По премиерата на „Санденс“ на 28 јануари и затворените проекции во Скопје (12 и 13 март), „Медена земја“ на 28 март имаше азиска премиера, во рамките на 43. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Хонгконг; на трети април филмот беше прикажан во рамките на интернационалниот фестивал „Нови режисери/Нови филмови“ (New Directors/New Films festival) во Њујорк, во организација на Музејот на модерната уметност (MoMA) и филмското здружение на центарот „Линколн“. Во најава за овој настан, критичарите на „Њујорк тајмс“ ја вброија „Медена земја“ во топ-11 листата со филмови што вреди да се погледнат на настанот.

„Медена земја“ на 28 март имаше азиска премиера, во рамките на 43. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Хонгконг

Македонскиот филм „Медена земја“, кој во февруари оваа година, со победа во три категории, триумфира во конкуренцијата за документарци од целиот свет на престижниот американски филмски фестивал за независни филмови „Санденс“, ја продолжува својата мисија, не само за документирање туку и за помош на протагонистите од оваа реална приказна.

На 3 април филмот беше прикажан во рамките на интернационалниот фестивал „Нови режисери/Нови филмови“ (New Directors/New Films festival) во Њујорк, во организација на Музејот на модерната уметност (MoMA) и филмското здружение на центарот „Линколн“

Мудрата пораката на Атиџе: „Земи половина од медот, но остави ја другата половина за пчелите“ е во срцевината на актуелната донаторска кампања што единствено со помошта на ДХЛ медот од „Медена земја“ ќе го направи достапен за сите што сакаат да помогнат. Ваше е да одлучите дали и со колкави средства ќе ја поддржите оваа кампања.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.