Срѓан Јаниќијевиќ: Се залагам за театар што воспитува, а не што поучува

За него театарот е храм на моралот. Не е место каде што догматски се учат лекции по етика (тоа е лош театар), туку место во кое се кршат сите табуа, а традиционалните морални вредности се преиспитуваат (и можеби се создаваат нови). Нашиот истакнат филмски и театарски режисер  Срѓан Јаниќијевиќ на своето гостување во видеопроектот на „Литература.мк“ – „Астрорум“, истакнува дека се залага за театар што воспитува, а не што поучува.

Срѓан Јаниќијевиќ дипломирал на Факултетот за драмски уметности, а денес успешно работи во театар, на телевизија и на филм. Покрај тоа, тој е и музички автор и диџеј.

За него како драмски автор, во предговорот на книгата „Купидона и други драми“, Јелена Лужина напиша: „Срѓан Јаниќијевиќ се вбројува во она скапоцено малцинство македонски драматичари кои сите три вештини ги владеат беспрекорно. Таквите обично ги нарекувам ’драматичари со тешка рака‘. Само таквите умеат а) да мислат бргу, б) во лет да смислуваат акции (дејства) што ќе бидат очудени, изводливи и функционални дури и тогаш кога ќе мораат да се редуцираат само на неколкуте најбитни мигови, в) прецизно да ги профилираат ликовите кои ќе бидат лесно препознатливи, впечатливи и дејствено ефикасни, г) на тие ликови да им „обезбедат“ директни и јасни реплики, артикулирани во кратки и брзи реченици и д) сето ова да го „потурат“ со важни и точно дозирани количества хумор, иронија, тага, радост, критичност, цинизам, откаченост, мудрост, лудост…“

Во продолжение можете да го погледнете интервјуто снимено во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.