Легендата на популарната екс-ју група „Забрането пушење“ и на култната ТВ-серија „Топ-листа надреалиста“, д-р Неле Карајлиќ, е добитник на српската книжевна награда „Момо Капор“ за 2018 година. Наградата ја добива за неговиот нов роман „Солунска 28“, што наскоро ќе биде објавен и на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
За наградата одлучило жирито во состав Мухарем Баздуљ (претседател), Драганa Марковиќ и Вуле Журиќ кои донеле едногласна одлука, деветтата награда „Момо Капор” да му припадне на Карајлиќ.
Со оваа награда здружението „Момчило Момо Капор“ има намера трајно да го сочува сеќавањето за големиот српски сликар и писател и да помогне во развојот на уметноста. Признанието, кое вклучува сребрена статуетка во форма на школка и парична награда од 200.000 српски динари, ќе му бидат вречени на лауреатот на 8 април во Белград, кога се одбележува и роденденот на Момо Капор (1937 – 2010).
Книгата „Солунска 28“ на српски јазик беше објавена минатата година, во издание на еден од најголемите српски издавачи „Лагуна“. „Арс Ламина“ е македонски издавач и на првиот роман на Неле Карајлиќ, „Фајронт во Сараево“, достапен на следниот линк.

„Арс Ламина“ е македонски издавач и на првиот роман на Неле Карајлиќ, „Фајронт во Сараево“.