Љупчо Јолевски: Книгата „Радио“ е ода кон медиумот кој многумина го испратија во историјата

Во ова издание на емисијата „Астрорум“ гостува истакнатиот новинар, водител и уредник, Љупчо Јолевски, којшто во новинарството е речиси четири децении.
Кариерата ја започнал во „Млад борец“ во почетокот на осумдесеттите години. Бил соработник на белградските магазини „Рок“ и „Време“, а потоа долги години бил во Радио Телевизија Скопје и Македонското радио – Втора програма. Паралелно, четири години бил уредник во музичкото радио „Канал 103“, а соработувал и со изданијата на „Детска радост“, ревијата „Екран“ и весникот „Нова Македонија“.

Од крајот на деведесеттите извесно време бил новинар во телевизија Скопје и во магазинот „Старт“, потоа уредник во дневните весници „Дневник“, „Време“ и „Нова Македонија“. Соработувал со интернет-порталот „Блесок“, а работел и на југословенската и екс-југословенската рок-енциклопедија, на светската и европската музичка енциклопедија и речиси цела една декада беше автор и водител на музичката емисија „Скопје – Париз – Тексас“ на „Радио Равел“.

Во „Радио Слободна Европа“, Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик. Тој неодамна ја издаде својата авторска книга „Радио“, којашто е, како што ќе рече самиот, „обид да се даде заокружена форма на првичната одушевеност од моќта на медиумот, кој многумина го пратија во историјата“. Таа е всушност една богата ризница од избрани интервјуа направени во неговата значајна кариера, средби со видни личности од македонската култура, распослани на околу 700 страници.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.