Со книгата „Аутизам: Да се биде професионален родител“ од Олга Богдашина го одбележуваме Светскиот ден на аутизмот


Со книгата „Аутизам: Да се биде професионален родител“ од Олга Богдашина го одбележуваме Светскиот ден за подигнување на свеста за aутизмот, втори април. Книгата, која на македонски јазик ја објави издавачката куќа „Арс Ламина ‒ публикации“, веќе е достапна во сите продажни места на „Литература.мк“: на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“, „Скопје сити мол“, и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40, а може да се нарача и онлајн на следниот линк.
Една третина од сите средства од продажбата на оваа книга ќе бидат донирани на Здружението за унапредување на квалитетот на животот на лицата со аутичен спектар на нарушување „Сина светилка“, Autism Macedonia-Blue Firefly, бидејќи лицата со аутистичен спектар на нарушувања заслужуваат да бидат слушнати, имаат право на квалитетно образование, соодветно вработување и правилна интеграција во општеството.

Олга Богдашина (втора лево) со дел од тимот на „Арс Ламина“ на неодамна одржаниот семинар Истражување на сензорниот свет на аутизмот

Олга Богдашина е доктор по лингвистика, магистер по психологија, магистер по образование за аутизмот, магистер по методологија на настава, Државен педагошки универзитет во Краснојарск, соосновач на Меѓународниот институт за аутизам и Меѓународниот конзорциум на институти за аутизам; програмски лидер (курсеви за аутизам), главен истражувач и предавач на Меѓународниот институт за аутизам, ДПУК; визитинг-професор на студиите за аутизам (во Велика Британија, Европа, Мексико), вонреден консултант (аутизам) во Европскиот институт за детско образование и психологија (ICEP Europe); главен излагач на повеќе од 200 конференции и конгреси; Авторка е на 12 книги (некои се преведени на 13 јазици). Мајка е на син (30 години) со класичен аутизам и ќерка (27 години) со Аспергеров синдром. Таа е учител и предавач повеќе од 30 години и работи во областа на психологијата (аутизам), а соработува со истражувачи и во други области.

„Арс Ламина ‒ публикации“ ја донира книгата на учесниците на семинарот Истражување на сензорниот свет на аутизмот во Филозофскиот факултет во Скопје

Ова е прва од серијата мали книги „Аутизам: Да се биде професионален родител“ во која Богдашина го споделува она што го има научено и го учи за аутизмот. Првиот дел од оваа серија (Истражување на сензорниот свет на аутизмот) опфаќа голем број сензорни перцепциски прашања и дава идеи и совети (на пример, како да му се помогне на детето), што ќе ги инспирира и информира оние што живеат или работат со аутистични деца. Книгата е особено наменета за родителите со деца со аутизам и ќе ги насочува низ најситните детали, не само во живеењето туку и во успехот – заедно со нивните деца со аутизам.
Книгата содржи 12 поглавја, а секое опфаќа лична приказна, во која се претставуваат еден или два сензорни проблеми, кои се чести кај аутизмот, информации и истражувања поврзани со темата обработена во првиот дел, како и објаснување на појавите и дополнителни податоци.

„Арс Ламина ‒ публикации“  ја донира книгата на учесниците на семинарот Истражување на сензорниот свет на аутизмот со д-р Олга Богдашина, што се одржа на 20 март 2019 г. во Филозофскиот факултет во Скопје,  во организација на Здружението за унапредување на квалитетот на животот на лицата со аутичен спектар на нарушување „Сина светулка“.

Светскиот ден на свесноста за аутизмот (World Autism Awareness Day се одбележува секој втори април, почнувајќи од 2008 година, а е посветен на информирање и активизам за аутизмот. Воведен е со одлука на Генералното собрание на ООН, усвоен на 18 декември 2007 г. по предлог на Катар и
поддржан од сите земји-членки.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.