„Арс Ламина“ со поддршка за музичкиот фестивал за ученици и студенти „Полихимниа“

Издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ ја продолжува својата мисија за поддршка на културата и образованието во нашата земја. Со печатење публикации и промотивни материјали го помoгна годинашното издание на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, што се одржува од 26 до 31 март во Скопје.
На програмата на четвртото издание на манифестацијата, во организација на  Здружението на музички педагози „Полихимниа“, се: натпревари за ученици и студенти за различни инструменти (пијано, виолина, виолончело, гитара, флејта, кларинет, хорна, труба, обоа, соло-пеење и камерна музика), гала-концерт, настапи на гости од Хрватска и Грција, семинари за повеќе инструменти, стручни предавања и завршен концерт на најдобрите натпреварувачи, а на победникот ќе му биде доделена наградата Лауреат на фестивалот. Настаните се одржуваат на повеќе концертни простори: КИЦ, Даут-пашин амам, Камерната сала на Македонска Филхармонија, МОБ, Факултет за музичка уметнист и ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје.


На 26 март во Даут-пашиниот амам се одржа концертот на грчкиот музичар Милтијадис Касарас. Ден подоцна, во камерната сала на Македонската филхармонија, беше организиран гала-концерт со гостите-професори од повеќе европски земји. На 30 март (сабота) во Салон „19:19“ ви КИЦ, со почеток во 20 часот концерт ќе одржи дуото флејта и пијано – Јелена Тихомировиќ и Метод Сирониќ од Хрватска. Фестивалот  ќе заврши на 31 март (недела) со концерт на најуспешните ученици и студенти на натпреварот.

‒ Манифестацијата „Полихимниа“, што се одржува од 2016 година, со секое ново издание е побогата со сѐ поголем број учесници (бројката се искачи над 300 учесници во 2018 година), но и со квалитетните музички содржини. „Полихимниа“ го оправдува својот префикс „меѓународен“, а културните сцени во главниот град стануваат поле на музички идеи, емоции и збогатување на музичкиот културен живот во Република Македонија. Позитивните реакции од публиката што ги доби овој фестивал, но и од музичките работници во нашата земја, покажуваат дека оваа манифестација е повеќе од потребна на музичкиот простор во Р. Македонија. Оваа година приоритет е претставувањето на нашата земја и култура во најсветло издание преку квалитетна организација и добро изведена програмска шема, со цел оваа прекрасна музичко-културна традиција да биде издигната на уште повисоко меѓународно ниво ‒ велат од организаторите, Здружението на музички педагози „Полихимниа“, кое неколку години наназад организира настани за едукација и промовирање на млади музички таленти од Македонија.

Влезот за сите концерти и активности на фестивалот е слободен.

Грчкиот музичар Милтијадис Касарас одржа концерт на 26 март во Даут-пашиниот амам

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.