Реиздадено капиталното дело „Село зад седумте јасени/Стебла“ од Славко Јаневски

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе го промовира капиталното дело „Село зад седумте јасени/Стебла“ од Славко Јаневски и првиот број на списанието за култура и општествени прашања „Архив ЈАНЕВСКИ“, насловено како „Јавач на комета“. Промоцијата ќе се одржи вечерва (28.03.2019) во Клуб ресторанот „МКЦ“ во Скопје, со почеток во 19 часот.
Делови од „Село зад седумте јасени“ и „Стебла“, како што соопштија од Фондацијата, ќе читаат Мери Каровска и Владимир Петровиќ, а за забава на гостите ќе се погрижи џез-квартетот на Гоце Стевковски.
Идејата на Фондацијата е и со оваа промоција да направи напор да го смести делото на Јаневски онаму каде што природно припаѓа, во XXI век.
„Село зад седумте јасени“ е официјално првиот македонски роман, објавен во 1952 година и од тогаш поради разни причини не е повеќе реобјавуван сѐ до појавата на ова издание. Славко Јаневски во еден момент се откажува од авторството на романот и во 1965 година го објавува романот Стебла како втора верзија од „Село зад седумте јасени“. Во ова издание на Фондацијата „Славко Јаневски“ се поместени двата романа, така што тоа претставува уникатна можност да се споредат двата романа и да се протолкуваат мотивите на контроверзната одлука на Јаневски, но секако е и единствена можност македонската јавност уште еднаш да го препрочита темелот на современата македонска литература.
„Јавач на комета“ е наслов на првиот број на списанието Архив ЈАНЕВСКИ, кое е планирано да излегува еднаш годишно. „Архив ЈАНЕВСКИ“ е списание кое главно ќе се занимава со артефактите од животот и творештвото на Јаневски, но и со останатите аспекти на живата култура и општествените прашања. Првиот број на „Архив ЈАНЕВСКИ“ во целост е посветен на ликовното творештво на Славко Јаневски и содржи стотина помалку познати репродукции од масла на платно на овој наш сестран уметник.
На промоцијата ќе стане збор и за стогодишнината од раѓањето на Славко Јаневски што се паѓа во 2020 година и плановите на Фондацијата за одбележување на овој значаен настан на македонската култура.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.