По посетата на Саемот на книги во Париз на список остана… па, Париз. Редот наложуваше „Анаис од Монмартр“ и „Скоро Парижанка“ од Јана Мишо да ги прошетаме на неколку значајни места што се спомнуваат во самите книги. Уживајте во галеријата!
„Анаис од Монмартр“ во кафулето на Монмартр каде што работи Анаис:
„Скоро парижанка” пред клубот на Хуго:
„Анаис од Монмартр” пред ателјето со мароканската тврдина на Анаис:
А да, и „Анаис од Монмартр“ пред кафулето „Шат Ноар” каде што Анаис се среќава со Лукас:
И Памук!
И билборд пред саемот: рок-опера „Сидарта”, ви се верува?
„Анаис“ и на Саемот на книги во Париз 2019 (Livre Paris 2019).
Инаку, по кратко пребарување на „Амазон“ или „Гудридс“ веднаш ќе ви стане јасно колку многу романи има со дејство во Франција или во Париз – и на Французите им е смачено од тоа. Освен ако романот не е добар, како „Анаис од Монмартр”, која го привлече вниманието на неколку издавачи од саемот. Па, држете палци – можеби францускиот превод на романите на Јана Мишо наскоро ќе се најде и на француски полици! 🙂