Импресии од Саемот на книга во Париз

По 39-ти пат, Меѓународниот саем на книга во Париз се одржа од 15 до 18 март годинава. И оваа година, нашата екипа го посети саемот, па еве што ви донесовме како искуство од таму.

Неколку европски градови можат да се пофалат со фантастични саеми, ама… eден е Париз!

После франкфуртскиот, парискиот саем на книга изгледа мал и (ова ќе го разберат сите саемски „аџии“) полесен. За разлика од саемот во Франкфурт, кој е најголемиот во Европа, но и во светот, парискиот саем е продажен, и ориентиран еднакво и кон професионалците и кон крајните корисници – читателите. Иако организацијата е еднакво беспрекорна, сепак парискиот саем е многу поопуштен и попогоден за семејни посети. Писателите и илустраторите кои гостуваат се навистина топли и пристапни – а редиците за автограм се долги.

Овој саем е сепак еден од поголемите културни настани во Европа, со 165.000 посетители и 1200 излагачи од 50 земји. Се одржува во Paris Porte de Versailles на 14.000 м2. Тука се изложени најважните производи и решенија од областа на издавачката индустрија и книжарството.

Eдна огромна хала ги собира сите штандови, од детска до сериозна литература, белетристика, биографии, учебници, стручна литература… и многу, ама многу – стрипови. И сѐ е на француски. Можеби има едно-две места што очигледно се смилувале на ентузијастите што решиле да си го штиклираат и овој саем – а не читаат на француски, па видовме и по некој комерцијален наслов на англиски јазик.

Илјадници луѓе, а беспрекорна организација. Иновативноста во дизајнот на штандовите ‒вонсериска. Од префинетите штандови со ориентални детали на земјите од Блискиот Исток, до модерните, пријатни простори за разгледување на претставници од Европа (оваа година немаше земја во центарот на вниманието, туку цел континент – токму Европа).

Освежувачки е што врие од деца и млади. Можат да се најдат во широки, празни простори, во залутани столчиња и клупи и пред автоматите за кафиња и топло чоколадо – сите со (барем еден) стрип во рака. Ова е можеби најинтересниот дел од саемот: многу книги за деца и млади, вклучувајќи и научни и едукативни, имаат своја стрип-верзија.

Оваа година саемот вклучуваше и неколку тематски сцени каде што се претставуваа и дискутираа разни теми од областа на книжевноста и издавачката дејност, со многу писатели и гости од различни области од индустријата.

Во продолжение, галерија од посетата на Саемот на книга во Париз.




















































One thought on “Импресии од Саемот на книга во Париз

  1. Пингување: „Анаис од Монмартр“ и „Скоро Парижанка“ во Париз | Literatura.mk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.