Топ-10 книги од „Литература.мк“ за Меѓународниот ден на жената

Од Клеопатра до Роза Паркс, од Ада Лавлејс до Малала Јусафсај. Низ историјата, жените храбро и неуморно се бореле за да се наметнат како индивидуи и експерти во својата област, нешто за што повеќето мажи го имале луксузот да си го земаат здраво за готово. Инвентивни дизајнерки, вселенски истражувачки, пилотки, политички активистки и феминистки, уметници, професорки, владетелки и лидерки. Приказните на најинвентивните и најинспиративните жени во историјата се собрани во книгата Стоте највлијателни жени во историјата во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ е на листата со книги од полиците на „Литература.мк“ со кои го одбележуваме Меѓународниот ден на жената (8 Март).
На оваа дата се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. На оваа дата, во 1857 година во Њујорк почнал штрајкот на работниците во фабриките за текстил, барајќи подобри услови за работа за жените. На истиот ден, на истото место, 51 година покасно, жените повторно побарале права. Во штрајкот од 1908 година, работниците биле затворени во фабрика, од која не можеле да излезат. Притоа избил пожар во кој пострадале 129 жени. Во знак на сеќавање на овој настан, една година подоцна, за прв пат е одбележан 8 Март. На втората меѓународна конференција во Москва, 1921 година, одлучено е на 8 Март светот да се потсетува на долгогодишната женска борба. Бројката 8, симболично ја означува борбата за воведување осумчасовно работно време…

1. Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња

Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња од Елена Фавили и Франческа Кавало е книга за деца и возрасни во која се вклучени сто приказни за добра ноќ, за животот на сто неверојатни жени од минатото и од сегашноста, илустрирани од 60 женски уметници од целиот свет. Оваа книга ги инспирира девојчињата со приказни за големи и силни жени, од Елизабета Прва до Серена Вилијамс. Ова не се приказни за нежните принцези кои чекаат да дојде принцот и да ги спаси, туку се приказни за вистински жени од минатото и од сегашноста кои постигнале неверојатни резултати, без разлика на околностите. Бунтовни девојки чиишто дејства го смениле текот на историјата. Сликарки, научнички, танчарки, врвни готвачки, астронаутки, џез-пејачки, фараонки, боксерки, писателки, политички водачи… од сите краишта на планетата! Ова е збирка од приказни што ќе ги инспирираат девојчињата (и нивните мајки, тетки, братучетки…) да бидат самоуверени, да сонуваат за големи нешта и да се развиваат во силни, цврсти, успешни личности. Неодамна, во светски рамки излезе вториот дел од книгата. Книгата „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ на македонски јазик, во издание на „Арс Ламина“, официјално беше промовирана во мај 2018 година, во рамките на фестивалот „Прво па женско“, а беше претставена и на 30. издание на Саемот на книгата.

Книгата може да се нарача на страницата „Литература.мк“ на следниот линк.

3. Анаис од Монмартр од Јана Мишо

Со куфер во едната рака и транспортер за мачки во другата, Анаис Мишел доаѓа во Париз со амбиција да ја пронајде личноста што еднаш ја напушти – себеси. Но, нештата не се такви какви што ги остави некогаш. Нова маќеа, заборавен пријател и нескротлив страв од тоа „што ако не постои професија што може да ме направи среќна“, водат до серија неочекувани настани, вино, кафе и комплициран однос со еден… дечко. Сериозно, колку може да е тешко да се пронајдеш во град како Париз? Би се изненадиле.

Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

 

3. Природно убави со Биодевојка од Вики Андонова

Оваа книга содржи 175 природни, органски рецепти за нега на лице, тело и коса, што можете да ги подготвите во домашни услови. Рецептите се едноставни, практични, функционални и економични. Поголемиот дел од нив се подготвуваат со состојки што веќе ги имате во вашата кујна. Правењето природни средства за нега во сопствените домови не значи само можност за заштеда и забава, туку значи и правење козметички производи коишто се свежи (направени во моментот) и богати со активни состојки што се од огромно значење за здравјето и убавината на кожата и косата.

Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

4. Паника од Деса Мук

Медицинската сестра Вера се наближува кон четириесеттата година од животот и почнува да ја фаќа паника дека најубавото во животот веќе ѝ поминало. Нејзиниот маж е досаден, ќерка ѝ не ја слуша, работата ѝ е сведена на рутина… нема возбудувања на видик. Згора на сè, еден гатач ѝ открива дека постои маж кој размислува за неа, но не се осудува да ѝ пријде. Вера почнува да верува дека само љубовта е излез од неподносливата ситуација и одлучува да скршне од патеката на брачниот живот. Но, на патот на сопственото будење, таа мора да совлада и некои компликации… Во својот роман Паника, популарната словенечка писателка, актерка и ТВ-водителка, Деса Мук, пренесува современа приказна за потрагата по среќа, при што смеата и солзите неочекувано брзо си ги заменуваат местата.

Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

5. Кралицата Елизабета: животот на еден модерен монарх од Сали Бедел Смит

Бетселерот на „Њујорк Тајмс“ – Кралицата Елизабета: животот на еден модерен монарх е одличен избор за сите читатели кои сакаат да се запознаат со животот на кралицата Елизабета II одблизу, како и со најмоќната монархија во светот денес. Од моментот кога седнала на тронот во 1952 година на дваесет и петгодишна возраст, кралицата Елизабета II постојано ја следи будното око на јавноста. Но, гледајќи низ облакот на гламурот и озборувањата за неа, се прашуваме дали навистина ја гледаме кралицата во нејзината вистинска светлина? Сали Бедел Смит, популарната и светски призната авторка на биографии, ни открива мноштво детали од приватниот и од јавниот живот на Елизабета II, кралицата која ја води својата земја и земјите на Комонвелтот низ војни и тешки времиња во последните 60 години со неспоредлива смиреност,интелигенција и грациозност.

Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

6. Јас сум Малала – Малала Јусафсај од Кристина Лемб

Јас сум Малала: девојката која што се бореше за образование и беше застрелана од Талибанците. Јас сум Малала е извонредна приказна за едно семејство, оттргнато од своето огниште од страна на глобалниот тероризам, за борбата за образование на девојките, за татко кој, и самиот сопственик на училиште, ја поддржувал и ја охрабрувал ќерка си да пишува и да оди на училиште и за смели родители, кои негуваат силна љубов кон својата ќерка во едно општество што повеќе ги цени синовите. Јас сум Малала ќе ве натера да верувате во моќта на гласот на една личност за поттикнување промена на светско ниво.

Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

 

7. Гордост и предрасуда од Џејн Остин

Приказната го следи животот на главниот карактер Елизабет Бенет, која се соочува со прашањето на манирите, воспитанието, моралот, етиката, образованието и бракот во англиското општество на крајот на 19 век. Гордост и предрасуда е сè уште интересна за модерните читатели и се наоѓа на врвот на листите за најчитани книги.

Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

 

8.Сестрата од Луиз Џенсен

По смртта на најдобрата пријателка Чарли, Грејс веќе не е иста. Ја прогонуваат последните зборови на Чарли, и во потрагата по одговори, отвора една нејзина кутија со спомени. Наскоро, открива дека има многу нешта што не ги знае за нејзината најдобра пријателка. Се појавуваат нови личности, нови приказни, нови верзии на настаните, и веќе ништо не е како порано. Сите се однесуваат чудно, некој како да ја следи, и Грејс веќе не знае што е вистина, а што фантазија. Колку што доаѓа поблиску до тоа да ја открие вистината, Грејс е во сѐ поголема опасност. Дали Грејс можеше да ја спаси Чарли? Или не? Возбудлив психолошки трилер со неочекуван пресврт, Сестрата на Луиз Џенсен е добитник на одлични критики и е продаден во илјадници примероци.

Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

 

 

9. Времето на жените од Елена Чижова

Во Мртви души, Гогољ пишува дека постојат некои мали нешта што се чинат мали само кога ќе станат дел од книжевно дело; вон него – изгледаат небаре се најважни на светот. И буквално и симболично, Времето на жените на Елена Чижова како да го тврди спротивното: постојат некои мали (намерно и немарно нарекувани) женски нешта – лупењето кромид, капењето постари жени, одбирањето материјал за нов фустан – што се поважни од големата (и машки извојувана) победа над фашизмот во Втората светска војна. Најпосле, вистинската приказна за 872-дневната опсада на Ленинград не ја знаат мртвите херои за кои се напишани пропагандистичките лекции во историите, туку нивните живи сопруги и сестри кои не само што ги гледале своите блиски како изгладнуваат до смрт, туку и го раздале сето свое злато за да откупат од профитерите доволно леб за своите деца – токму оние што на училиште нема никогаш да ја слушнат оваа верзија од историјата.

Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

10. Вторнични жени од Моника Пец

Вторнични жени е хит-роман напишан во лесен и комичен стил. Во романот се зборува за пет пријателки кои секој вторник во месецот се сретнуваат во нивниот омилен бар: успешната, елоквентна адвокатка Каролине, пречувствителната и по малку драматична Јудит, Ева, посветената мајка на четири деца со расеани професионални амбиции, постојано заљубената и секогаш добро расположена Кики, која го чека пробивот во дизајнерската кариера и Естел, гламурозната сопруга на фармацевт, со својот преполн орман облека и исклучително остар јазик. Еднаш во годината, петте жени организираат заедничко патување, иако оваа година сѐ е поинаку – Јудит тукушто стана вдовица. Секоја година петте жени имаат некаква заедничка авантура. Преведен на повеќе од 15 јазици, овој роман во Германија е продаден во повеќе стотици илјади примероци.

Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.