Замислете си една џиновска праска во која има седум многу необични инсекти, кои ќе ве однесат на магична авантура. А дали го познавате Џејмс Хенри Тротер? Тој е едно осамено момче, кое живее со две одвратни бабишта, сè додека еден ден не се случи нешто чудно. На крајот на градината една праска започнува да расте и да расте и да расте…
Што ќе се случи потоа може да откриете во една од најубавите книги за деца од славниот британски писател Роалд Дал, „Џејмс и џиновската праска“. Овој светски детски бестселер со препознатливите илустрации на Квентин Блејк, на македонски јазик е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – публикации“.
Маги, која заедно со својата постара сестра Марија ги поттикнуваат читачките навики преку својот јутјуб-канал „Читаме со Марија и Маги“, во новата објава ја препорачува токму оваа книга.
Маги ја чита песната за омилените јадења на Стоногалецот, раскажува за интересните авантури на малиот Џејмс, за инсектите со кои ќе се спријатели и за нивното џиновско и овошно превозно средство.
Пингување: Марија ја чита книгата „Вештерки“ од Роалд Дал | Literatura.mk