Петар Младеновски – Пеце од „Суперхикс“: Четврт век музичка борба со општествените ветерници

Енергичниот фронтмен на „Суперхикс“, Петар Младеновски – Пеце, со неговата необична „банда инструментале“, четврт век се бори против општествените ветерници. Вечниот борец за правата на музичарите, неуморниот гласноговорник против неправдите врз човештвото и голем обожавател на „Вардар“ и „Барселона“ гостува во емисијата „Астрорум“ на Literatura.mk, непосредно пред јубилејниот концерт на „Суперхикс“. Имено, на 3 март 2019 г. во Младинскиот културен центар – Скопје групата, која стои зад хитовите „Глупави песни“, „Раде“, „Африка“ и други, одбележува 25 години од својот прв настап.


Петар Младеновски, (познат како Пеце од „Суперхикс“) е дипломиран професор по руски јазик и книжевност на Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Уредник е и водител на радиоемисијата „Пецетека“ на „Урбан ФМ“ (која досега има повеќе од 1000 изданија), бил уредник и новинар во првото двојазично радио („Лајф радио“) и проект-координатор во истото (2001 – 2005 г.)


Со неговата група „Суперхикс“ бил учесник во проектот „За подобро утре“ (акцијата за собирање на нелегалното оружје во земјата, организирана од страна на Министерството за одбрана, „Лајф радио“ и невладината организација ЦИВИЛ) 2002 г. Исто така, учествувал и во неколку други мировни проекти на УСАИД, ИОМ и Пакс Кристи. Денес, најактивно делува од позицијата на основач и претседател на Здружението за културна мотивација „КУЛТИ-ВАТОР“.
Пеце е автор на повеќе од 50 музички теми, а како фронтмен на „Суперхикс“ е учесник на повеќе од 200 домашни и меѓународни фестивали. Тој е и организатор и промотор на манифестациите „Зимски Боб Марли ден“, „Тотал демо фестивал“, но и на педесетина концерти на домашни и странски групи („Скај Виклер“, „Канда Коџа и Небојша“, „Уикеда“ и др.)


Покрај новинарските и уредничките ангажмани во „Лајф радио“, тој бил новинар и колумнист во дневните весници „Дневник“ и „Време“, како и во неделникот „Време“. Бил водител и уредник и на радио и телевизиските проекти: „До крај“ (МТВ), „Офсајс“ (Спорт 4), „Пулсирања“ (МТВ), „Трета скала“ (Радио РАВЕЛ) и др. Работел и како промотор, букинг-агент и менаџер во клубот „Кастро“ (Скопје, 2006-2011).
Сопруг е на актерката Елизабета Клинчаревска-Младеновска и татко на две деца, Никола и Маша.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.