НАСКОРО: „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од легендарниот спортски коментатор Зоран Михајлов

Љубителите на спортот во Македонија наскоро ќе имаат можност во своите раце да ја држат книгата „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од доајенот на македонското спортско новинарство, Зоран Михајлов. Своевидните мемоари се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина-публикации“, и содржат помалку познати приказни за успесите на македонските спортисти низ историјата и за средбите со светските спортски асови.
Од прва рака, легендарниот спортски коментатор сведочи за важни спортски, но и историски моменти. Се сеќава на најзначајните личности, натпревари, олимпијади и првенства ширум светот, што ги следи како новинар-коментатор во својата 55-годишна кариера.
Тој е редовен посетител на летните и зимските Олимписки игри во последните четириесетина години, како и на сите позначајни атлетски, пливачки и боречки манифестации. Во коментаторската кариера Михајлов е рекордер во коментирање и известување од најголемиот спортски настан на светот – олимпијадата. Тој присуствува на 15 олимпијади (9 летни и 6 зимски), и притоа ги афирмира настапите на македонските спортисти и ја информира македонската јавност за тамошните случувања.
Зенитот на својата медиумска кариера го достигнува во Македонската радио-телевизија (МРТ), каде што е еден од новинарите што ги поставуваат темелите на спортското коментаторство во нашата земја. По пензионирањето, не мирува: ја уредува и ја води емисијата „Македонски спортски легенди “ на „Наша ТВ“, редовно објавува колумни во дневниот весник „Нова Македонија“, пишува за порталот „Улица.мк“ и подготвува нов проект на „Радио РФМ“.
Малкумина знаат дека Михајлов во младоста бил одличен атлетичар, државен рекордер и првак на Македонија и на поранешна СФР Југославија. Истовремено бил и активен кошаркар.
За сите постигнувања во спортот и во новинарството добитник е на повеќе награди и признанија. Меѓу другото, добитник е и на државната награда „8 Септември“ и наградата на Град Скопје, „13 Ноември“. Михајлов се вбројува меѓу 50-те најистакнати атлетски новинари и коментатори во светот, што ја добиваат наградата од АИПС (Светска асоцијација на спортските новинари) за професионално информирање, како и за афирмација на атлетскиот спорт.

Advertisements

One thought on “НАСКОРО: „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од легендарниот спортски коментатор Зоран Михајлов

  1. Пингување: Книгата „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од Зоран Михајлов ќе биде промовирана на 13 февруари во СЦ „Борис Трајковски“ | Literatur

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.