Обележувачи што ја означуваат забавната страна на читањето

Како ги означувате страниците до каде што сте стигнале читајќи книга? Дали со какво било ливче или предмет што ќе ви се најде при рака, со виткање на страницата или пак со врвца или хартиен бележник? Дали можеби припаѓате во групата на читатели што сакаат обележувачи со креативни дизајни?
Тогаш сигурно ќе ве одушеват овие уникатни идеи за обележувачи. Дел од нив се поврзани со темата и насловот на книгата и се своевидно нејзино дополнување, дел се асоцијација за читањето, само по себе, трети, пак, се духовити, младешки, шарени и забавни. Во секој случај, тие се своевиден „накит“ на книгата, што му дава нова димензија на читањето и се поврзува со идентитетот на читачот.

Меѓу поинтересните нови идеи се оние со дизајни што отскокнуваат, што светкаат или, пак, што суптилно укажуваат која е следната страница. Направени се од разни материјали: пластични, свилени, плетени, гумени… Едни од највпечатливите се на младата уметница од Украина, Олена Мисник, која изработува обележувачи во вид на минијатурни нозе. Меѓу најпрепознатливите нејзини креации од тие со нозе се оние со чорапи на пруги, што ги носи лошата вештерка од приказната за „Волшебникот од Оз“, стапалата на хобитите во „Господарот на Прстените “ и „Хобитот“, обувките на Хари Потер, модели инспирирани до препознатливите ликови од „Војна на ѕвездите“, „Игра на троновите“… Ви преставуваме дел од најинтересните идеи за обележувачи, со кои читањето станува уште позабавно.


Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.