Иновативните дизајни на Skriptie одушевија на саемот Paperworld 2019 во Франкфурт

Издавачката куќа „Арс Ламина“ со својот подбренд „Скрипти“ (Skriptie) имаше успешна презентација на саемот „Пејпрворлд“ (Paperworld), што од 26 до 29 јануари се одржа во Франкфурт. Штандот на македонскиот бренд предизвика голем интерес кај посетителите на еден од најголемите светски изложбени настани за хартија. Гостите, кои беа дојдени од цел свет, беа позитивно изненадени од добро осмислените и иновативни дизајни на новите планери, тефтери, тетратки, картички, како и други производи од гифт-програмата на Skriptie.
Премиерно во Франкфурт, Skriptie ги претстави новите линии: „германски градови“ (german cities) „патување“ (travel), „пердуви“ (feathers patterns), еколошката колекција: (еко-лама, еко-кактус, еко-фламинго и еко-вселена) и серијалите за планери и тефтери: мелоу (mellow), шервуд (sharewood) , карбоник (carbonic), металик (metalic), делукс (delooks), елегант (elegant) и корки (corky).


Тимот на „Скрипти“ (Skriptie) ги создава најдобрите производи од хартија наменети за модерни, урбани луѓе кои го ценат добриот дизајн, богатите детали и бараат уникатно искуство во сè. Во широката палета на производи влегуваат: тетратки, нотеси, планери, боенките за сите возрасти, врамени слики, магнети, торби, покани, честитки, маички со препознатливи дизајни и графички решенија. Меѓу најпрепознатливите се колекциите инспирирани од класичната литература, шарите од цел свет како и колекцијата „Скопје“, која содржи: тефтери, магнети, чаши, подлошки за чаши, картички, маички и торби.


„Пејпрворлд“ (Paperworld) е водечки светски саем за хартија, производи од хартија, канцелариски материјали и училиштен прибор за приватна и деловна употреба што се одржува секоја година кон крајот на јануари во Франкфурт. На саемот има шаренило од понуди, идеи и достигнувања. Ги собира на едно место сите трендови и индустриски иновации, на најголемите светски производители, но и на малите креативни стартап компании. Тој е извор на инспирација за трговијата на големо и мало, како и за корпоративните купувачи.

 


 

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.