Одбележуваме 50 години од последниот заеднички настап на „Битлсите“

На покривот од студиото „Ејпл Корпс“ (Apple Corps) во Севил Роу во Лондон на 30 јануари 1969 година култната британска група „Битлсите“ го одржа својот последен заеднички јавен настап. Со ова 42-минутно шоу требало да биде заокружен нивниот документарец со наслов „Let It Be“ („Нека биде“). Нивна публика биле најблиските пријатели, семејствата и филмската екипа. Концертот го прекинала полиција, која интервенитрала поради вознемирување на околината. Интересно е што Џон Ленон на снимката носи бунда од Јоко Оно, Ринго Стар црвена кабаница од својата сопруга.

Овој историски момент ќе биде овековечен во новиот филм на оскаровецот Питер Џексон. Деновиве најави дека ќе го режира напнатото снимање на последниот албум на познатиот британски бенд , користејќи 55-часовни, досега непознати, видеа од 1969 година.
‒ Филмот ќе биде уникатно искуство за кое обожавателите на „Битлсите“ веќе долго време сонуваат. Kако некоја временска машина да ве вратила во 1969 година, да седите во студио и да гледате како четворица пријатели создаваат неверојатна музика заедно – изјави режисерот.
Снимките првично требаше да станат телевизиски документарец, но на крајот станаа основа за филмот „Let It Be“. „Битлсите“ долго време размислувале за оваа идеја. Но, интересно е што искуството од снимањето, Џорџ Харисон го опишал како најлошо од најлошото”, а Ленон едноставно го нарече „пекол“.
Се очекува верзијата на Џексон да биде поведра слика на снимањето, што кулминираше со настапот на бендот пред точно 50 години.

„Битлси“ е еден од најзначајните поп-рок состави во XX век. Главни и постојани членови на бендот беа Џон Ленон (1940 ‒ 1980), Пол Макартни (1942 ‒ ), Џорџ Харисон (1943 ‒ 2002) и Ринго Стар (1940 ‒ ). Во 1970 година, по излегувањето на последниот албум „Лет ит би“ („Let It Be“), групата се распадна и секој од нејзините членови почна успешна соло-кариера. Ленон беше убиен во 1980 година во Њујорк од опседнат фан, а Харисон почина од рак на белите дробови во 2002 година. Останатите живи членови на „Битлсите“, Макартни и Стар, ја продолжуваат својата музичка кариера.
Рeжисерот Питер Џексон се прослави со филмскиот серијал „Господарот на прстените“. Интересен податок е тоа што во шеесеттите години „Битлсите“ се обиделе да ги купат филмските права за „Господарот на прстените“. Џон Ленон во римејкот на филмот сакал да го глуми Голум, Пол Макартни – Фродо, а групата сакала филмот да го режира Стенли Кјубрик. Сепак, планот на крајот не се остварил поради одбивањето на заедничка соработка од страна на авторот на книжевниот класик, Џ.Р.Р. Толкин. Сега, пак, новиот филм за „Битлсите“ ќе го режира Питер Џексон кој во 2001 година го сними токму „Господарот на прстените“.

Бендот „Битлсите“ издаде вкупно 12 албуми, 13 миниалбуми и 22 сингла што се продадени во 1 милијарда и 300 милиони примероци! Квартетот од Ливерпул стана еден од најсветлите музички феномени на минатиот век. И според списанието „Ролинг стоунс“ и топ 100 листата на врвни изведувачи на сите времиња.

 


Неодамна од печат излезе биографијата на „Битлсите“ од авторот Хантер Дејвис на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Во текот на 1967 и 1968 година, Хантер Дејвис поминува 18 месеци со „Битлсите“ додека тие се на врвот на нивната кариера, претставувајќи го бендот кој обликувал една генерација, создавајќи популарна музика. Како единствен нивен авторизиран биограф, тој имал ексклузивен пристап – не само до Џон, Пол, Џорџ и до Ринго туку и до нивните пријатели, семејството и до соработниците. Дејвис насобрал изобилство од лични, приватни материјали, кои откриваат многу за нив и кои ја сместуваат оваа книга во групата класици, која едноставно мораат да ја прочитаат и другите биографи. Останувајќи близок со бендот во текот на годините, Дејвис има пристап до информации што ги вклучува последователно во поновите изданија.
Ова издание е осовременето со нов материјал за солистичките кариери и за животните на „Битлсите“, како и со приказни за многу други луѓе кои се појавуваат во книгата. Со додаток на еден новопронајден текст на Џорџ Харисон и со мементо мори за починатите членови, ова издание го раскажува сето она што е досега познато за најголемиот рок-бенд во историјата.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

Извори: www.nbcnews.com www.washingtonpost.com

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.