Со цел да го поттикне интересот кај читателите, во Домот на културата „25 Мај“ во Валандово е поставена несекојдневна изложба на книгите што одамна никој не ги изнајмил од библиотеката. Дел од овие одамна недопрени, заборавени или т.н. „тажни книги“, со децении ниту еднаш не биле позајмени од читателите на Градската библиотека.
По избор на библиотекарите, изложени се дваесетина книги од разни жанрови меѓу кои и оригиналното издание на епот „Одисеја“ кој, откако библиотеката го добила во 2008 година, ниту еднаш не бил позајмен од читателите. Изложените книги и натаму ќе стојат на библиотечните рафтови и ќе може да се позајмуваат доколку некој покаже интерес за нив.
Извор: Facebook.com