Дали сте ја прочитале една од најубавите книги за деца, „ГДЏ“ од славниот британски писател Роалд Дал? Светскиот детски бестселер со препознатливите илустрации на Квентин Блејк, на македонски јазик е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – публикации“.
ГДЏ не е таму некаков си обичен џин што дроби и џвака коски. Не, тој е премногу добар и смотан. И среќа за Софи што е тоа така. Ако, на пример, онаа ноќ ја земеше Крвошишарот или кој било од другите џинови – а не ГДЏ – сигурно ќе завршеше како појадок. Кога Софи разбира дека џиновите јурнуваат кон Англија за да лапкаат слатки мали детенца, одлучува дека треба еднаш засекогаш да му стави крај на тоа. А ГДЏ ќе ѝ помогне!
Книгата е една од омилените и на сестричките Марија и Маги. Марија деновиве сними видео, со свое видување на книгата. Таа открива од каде доаѓа кратенката ГДЏ, што е џин, за што раскажува книгата и чита дел од приказната.
За соништата, џиновите и авантурите на храбрата Софи слушнете/видете повеќе на видеото објавено на „јутјуб“ каналот „Марија и Маги“.
Книгите од Ролад Дал на македонски јазик се во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – Публикации“. Достапни се во книжарниците „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“ и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Може да се нарачаат и онлајн преку http://www.literatura.mk на следниот линк
Пингување: Марија ја чита книгата „Вештерки“ од Роалд Дал | Literatura.mk