Уметникот Мајк Стилки од Лос Анџелес им дава нов живот на старите книги создавајќи уметнички инсталации од нив. Станува збор за стотици книги, кои ги подредува во висина и потоа црта по нивниот бочен дел, употребувајќи мешавина од мастила, дрвени боички, лак и акрилни бои. Во собирањето книги за неговите уметнички дела му помагаат локалните библиотеки. Неговите скулптури од книги веќе се популарни на социјалните мрежи, а има и нарачки за создавање на нови дела за повеќе јавни установи. Ви претставуваме дел од неговите досега најуспешни слики.
Извор: Мymodernmet.com