Мемоарите на Мишел Обама попродавани од „Педесет нијанси сиво“

Автобиографската книга „Becoming“ на некогашната прва дама на САД, Мишел Обама, урива рекорди по продаваност. Само два месеци по објавувањето таа претендира да стане меѓу најчитаните книги на деценијата – јавува „Си-ен-ен“. Според податоците од „Амазон“ мемоарите на Мишел Обама 47 дена се број еден на листата. Тие се попродавани од книгата „Педесет нијанси сиво“, која, пак, беше рекордер во 2012 година.

„Becoming“, која наскоро ќе биде објавена и на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше најпродавана во САД во 2018 година, а овој тренд продолжува и на почетокот од годинава.

Мемоарите, кои беа промовирани во ноември 2018 година, за кратко време станаа бестселер. На првиот ден од издавањето беа продадени повеќе од 725 илијади примероци во САД и Канада, а за само 15 дена стана најпродавана книга во САД за 2018 година. Американските медиуми јавуваат дека за неполн месец биле купени над 3 милиони копии од книгата, чиј издавач во САД е „Краун“ (Crown). Книгата ги урна и рекордите за најпродавани мемоари на политички и јавни личности.Книгата ќе биде преведена на 24 светски јазици, меѓу кои и на македонски. Годинава Мишел ќе замине и на промотивна турнеја.

Мемоарите на г-ѓа Обама се поделени во три дела: „Becoming Me“, „Becoming Us“ и „Becoming More“, а во нив пишува за своето детство, студентските денови, расизмот, бракот со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, за нивните ќерки и искуството во политиката.

Мишел, и по завршување на двата претседателски мандата (осум години) на нејзиниот сопруг Барак Обама, сѐ уште ужива голема популарност и почит во САД. Показател за тоа е и неодамнешното истражување на „Галуп“, според кое поранешната прва дама на САД е жената на која Американците најмногу ѝ се воодушевуваат. Мишел Обама оваа позиција, по 17 години, ја презеде од поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, која годинава е на третото место. На втората позиција за најпочитувани жени е ТВ-ѕвездата Опра Винфри.

Мишел Обама, која деновиве наполни 55 години, по завршување на обврските како прва дама, ѝ се врати на својата првична професија како адвокатка. Досега има објавено само една книга за градинарство во 2012 година.

Извор: CNN

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.