Ен Хатавеј ќе игра во филмска адаптација на „Вештерки“ од Роалд Дал


Оскаровката Ен Хатавеј ќе толкува една од главните улоги во новата филмска адаптанција на една од најпознатите книги за деца од Роалд Дал, „Вештерки“. Проектот ќе го режира култниот Роберт Земекис, познат по своите филмски ремек-дела: „Враќање во иднината“, „Форест Гамп“, „Смртта ѝ прилега“, „Поларниот експрес“, „Куќа на чудовишта“, „Божиќна песна“ и други.
Во фокусот на еден од класиците во детската книжевност, „Вештерки“, е едно момче, кое случајно ќе наиде на клан вештерки и ќе го открие нивниот план да ги претворат сите деца во глувчиња. Тој ќе тргне по помош за да ги одврати вештерките од злите намери.
Хатавеј ќе ја игра Врховната Велевештерка, која го контролира вештерскиот свет – ликот што го глумеше Анџелика Хјустон во адаптацијата на книгата на Роалд Дал во деведесеттите години.
„Вештерки“, првично објавена во 1973 година,  е дена од најчитаните книги од омилениот британски антор за деца Роалд Дал. На македонски јазик е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – Публикации“, а која е достапна во книжарниците „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“, и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Може да се нарача и онлајн преку http://www.literatura.mk на следниот линк.

Извор: Variety.com

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.