Американската уметница Шаралеј Армитаж Хауард направи мини библиотека од 110-годишно дрво. Наместо да го отстрани стариот трупец создала магичната библиотека наречена „Little Tree Library“. Библиотеката, сместена во семејниот двор на Шаралеј во Ајдахо, САД, ќе биде наменета за целото соседство. Од неа бесплатно може да се позајмуваат и разменуваат книги. Внатрешноста на дрвото е осветлена и издлабена со полици, доволни за да соберат стотина книги.
Извор: Boredpanda.com