Книгите за деца во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најчитани во 2018 година во Универзитетската библиотека во Битола, јавува порталот „Битолањуз“ (bitolanews.mk). Според податоците од Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, најбараните наслови меѓу младите читатели се: „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ од Билјана С. Црвенковска, „Лесната принцеза“ од Џорџ Мекдоналд, „Кралот на златната река“ од Џон Раскин, „Тато, имаме приказна“ од Александар Таковски и Гала Таковски.
Во објавата на bitolanews.mk се вели дека: „Наједноставниот начин да се осигураме дека ќе воспитуваме и одгледуваме писмени деца е да ги научиме да читаат и да им покажеме дека читањето е пријатна активност. Тоа значи да пронајдат книги во кои ќе уживаат, да им дадеме пристап до тие книги и да им дозволиме да читаат. Најмладите читатели, учениците, читаат во огромен број, што се должи на различните проекти, активности со кои ги мотивираме да бидат присутни во библиотеката и да читаат книги. Не постои лоша книга за децата“.
И на листата за најбарани книги меѓу повозрасните читатели во 2018 година во Универзитетската библиотека во Битола има книги во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за „Гордост и предрасуда“ од Џејн Остин, „Бебето на Бриџит Џонс“ од Хелен Филдинг и „Нултиот број“ од Умберто Еко.
Книгите од детската литература во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ се достапни за нарачка на Literatura.mk следниот линк.
Насловите од белетристика, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ се достапни за нарачка на Literatura.mk следниот линк.
Извор: bitolanews.mk