Светските книжевни класици реиздадени во рамки на модна кампања

 

Шпанскиот луксузен моден бренд „Лоеве“ (Loewe) реиздаде шест светски книжевни класици во рамки на својата кампања за колекцијата есен – зима 2018/19. Станува збор за романите: „Оркански височини“ од Емили Бронте, „Дракула“ од Брам Стокер, „Дон Кихот“ од Мигел де Сервантес, „Сликата на Доријан Греј“ од Оскар Вајлд, „Срце на темнината“ од Џозеф Конрад и „Госпоѓа Бовари“ од Гистав Флобер.


Во колекцијата се применети мотиви од кориците на книгите. Во книгите, пак, е вметната специјална ткаенина, која е поврзана со парчињата облека. Лимитираната колекција книги е спакувана во специјално дизајнирана кутија. Во продолжение е сесијата од кампањата што ја сними познатиот моден фотограф Стивен Мејсел. На фотографиите манекените ги читаат книгите што се поврзани со соодветните креации што ги носат.

 





Доколку сте љубители на книжевните класици,  можете да ја проверите листата со наслови на literaturа.mk на следниот линк, како и богат избор на изданија од Ѕвездите на светската книжевност.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.