Шпанскиот луксузен моден бренд „Лоеве“ (Loewe) реиздаде шест светски книжевни класици во рамки на својата кампања за колекцијата есен – зима 2018/19. Станува збор за романите: „Оркански височини“ од Емили Бронте, „Дракула“ од Брам Стокер, „Дон Кихот“ од Мигел де Сервантес, „Сликата на Доријан Греј“ од Оскар Вајлд, „Срце на темнината“ од Џозеф Конрад и „Госпоѓа Бовари“ од Гистав Флобер.
Во колекцијата се применети мотиви од кориците на книгите. Во книгите, пак, е вметната специјална ткаенина, која е поврзана со парчињата облека. Лимитираната колекција книги е спакувана во специјално дизајнирана кутија. Во продолжение е сесијата од кампањата што ја сними познатиот моден фотограф Стивен Мејсел. На фотографиите манекените ги читаат книгите што се поврзани со соодветните креации што ги носат.
Доколку сте љубители на книжевните класици, можете да ја проверите листата со наслови на literaturа.mk на следниот линк, како и богат избор на изданија од Ѕвездите на светската книжевност.