Музејот „Гугенхајм“ во Њујорк постави повеќе од 200 книги за современа уметност за бесплатно преземање од интернет. Изданијата можете да ги симнете во ПДФ-формат или, пак, во ePub од интернет-архивата на следниот линк.
Изминатите шест години, музејот „Гугенхајм“ во Њујорк внимателно ги дигитализира своите изложбени каталози и уметнички книги, кои сега се достапни онлајн. За љубителите на историјата на уметноста на располагање се ставени книги како : „Пикасо и воените години“ (Picasso and the War Years) и „Експресионизмот: германската интуиција“ (Expressionism, a German intuition) и други. Исто така, можете да го прочитате и првиот англиски превод на Кандински за духовното во уметноста.
Бесплатната колекција исто така вклучува каталози на ретроспективни изложби за мајстори како Пол Кле, Роберт Раушенберг, Макс Ернст, Френсис Бејкон и Марк Ротко. Или, можете да „нурнете“ подлабоко во кинеската уметност од 20 век или, пак, да ги откриете делата од древниот Перу. Можете исто така да се запознаете со збирката на скулптурата и дела – „Колекцијата на Гугенхајм: Од Пикасо до Поллок“.
Извор: Artfido