Книжевно сеќавање на музичката легенда Леонард Бернштајн

Сто години од раѓањето на еден од најпознатите американски композитори, диригент и пијанист Леонард Бернштајн е објавена биографската книга, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Авторот на книгата Хемфри Бартон вели: „Каква ли предност имав пред кој било друг конвенционален биограф! Дискретно ја скривав сопствената блискост со Леонард Бернштајн, ограничувајќи се на фусноти во стилот „Авторот бил присутен во таа пригода“, меѓутоа како негов постојан соработник, 25 години бев интимно поврзан со Бернштајн и со неговите светови. Најмалку што можев да сторам за да му се одолжам на некој начин по неговата смрт беше да напишам негова биографија. Целта ми беше да создадам еден заокружен портрет на неговиот творечки и личен живот. Тој беше човек за кого музиката беше постојана, опсесивна нужност, сеедно дали како композитор, диригент, едукатор, пијанист или како писател. Во рубриката ,,професија” од својот пасош се опишуваше себеси со еден збор: „музичар“. Музиката навистина беше неговиот живот, но неговиот живот беше многу повеќе отколку само музика“.

Леонард Бернштајн (25 август 1918 – 14 октомври 1990) е меѓу првите диригенти родени и образовани во САД, кои добиле светски признанија. Според музичкиот критичар Донал Енанхан, тој бил еден од најталентираните и успешни музичари во американската историја. Тој бил долгогодишен музички директор на Њујоршката филхармонија. Познат е по неговите изведби на концерти со најголем дел од светските водечки оркестри, како и по неговата музика за „Приказната од Западната страна“, „Петар Пан“, „Кандид“ и други композиции.
Бернштајн бил првиот диригент кој имал серија телевизиски предавања за класичната музика, почнувајќи од 1954 година, па до неговата смрт. Бил квалификуван пијанист, често изведувајќи пијано концерти. Тој, исто така, бил критична фигура во современото заживување на музиката на Густав Малер, композиторот за кој најмногу бил заинтересиран.
Како композитор тој создавал во многу стилови што опфаќале симфониска и оркестрална музика, балет, филмска и театарска музика, хорски дела, опера, камерна музика и дела за пијано. Многу од неговите дела редовно се изведуваат низ целиот свет.


Биографската книга за Леонард Бернштајн е достапна во книжарниците „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, ТЦ „Рамстор“ , „Скопје сити мол“, и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40. Може да се нарача и онлајн преку http://www.literatura.mk на следниот линк:

Како „Гугл“ го одбележа роденденот на Бернштајн.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.