„Девојчето кое танцуваше со пролетта“ од Билјана Црвенковска и Ана Петрова

Графичката новела „Девојчето кое танцуваше со пролетта“ е коавторски проект на Билјана Црвенковска и Ана Петрова и едно од ретките дела во овој жанр во Македонија.
Делото е повеќеслојно од повеќе аспекти: од една страна, текстот и илустрациите претставуваат два паралелни наративи кои не можат еден без друг, односно илустрацијата не го прикажува она што е напишано, туку го гради токму она што не е искажано; од друга страна, приказната која се ткае низ овие два наративи, содржи различни слоеви во однос на возраста на читателот, односно е отворена за различни интерпретации.
Помладите читатели во неа можеби ќе пронајдат една волшебна приказна за необично девојче, главната протагонистка Јуми, израснато во еден далечен, непознат свет во некоја друга галаксија, кое има чудесна моќ да ја буди природата. Повозрасните, пак, ќе забележат и една друга, многу подлабока, меланхолична нишка, но и алузија на една планета која е на умирање, загушена од себичноста на нејзините жители.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.