Книгата „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов промовирана во Македонска Каменица и во Струмица

Книгата „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, овој месец беше претставена пред читателите во Македонска Каменица и во Струмица. На први декември се одржа промоцијата во Домот на културата – Македонска Каменица, а викендов (15 декември) во Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица. Јованов, кој деновиве стана првиот Македонец редовен член на Клубот на иновативни умови, во рамките на Европската академија на науките, со седиште во Белград и Брисел, одблизу ја запозна публиката со лековитите својства на билките што растат кај нас.

„Македонска традиционална медицина“ во Македонска Каменица

„Македонска традиционална медицина“, која премиерно беше претставена во јули оваа година, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ во Скопје, содржи 129 лековити билки што виреат во нашата држава, со детален опис на нивната примена во традиционалната медицина. Покрај тоа, дадени се и 60 рецепти за природни билни препарати со коишто се лекувале нашите предци, собирани од различни извори.

Книгата е поделена на три дела. Првиот дел е историски, со податоци како се лекувале Македонците во минатото на традиционален начин. Вториот дел е посветен на лековити растенија, а третиот на традиционални билни рецепти. Пораката е да се вратиме на дарот што ни го дала природата, за да го зачуваме нашето здравје.

Од промоцијата на „Македонска традиционална медицина“ во Македонска Каменица

Драган Јованов е роден во 1986 година во Скопје. Магистрирал на Факултетот за земјоделски науки и храна (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје), а ги привршува и докторските студии на Аграрниот универзитет во Пловдив, Република Бугарија. Три години по ред (од 2015 до 2017 г.) е добитник на признание за најдобар млад научник во областа на фитомедицината на Европскиот мултидисциплинарен конгрес, што се одржува во Нови Сад, Република Србија. Работи како асистент на Факултетот за еколошки ресурси и храна и безбедност на храна при МИТ универзитетот во Скопје, каде што предава повеќе предмети. Автор е на учебници, прирачници, атласи, како и на низа стручни трудови. Важи за еден од најдобрите млади експерти на Балканот за фитологија, фитотерапија, хербализам и земјоделски науки и храна. Од 2017 година е именуван како посебен советник за екологија и просторно планирање на Претседателот на Владата на РМ.

Книгата е достапна за нарачка на следниот линк и во книжарниците „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ бр. 21, во City Mall (втор кат), Ramstore Mall (прв кат) и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40.

Од промоцијата на „Македонска традиционална медицина“ во Домот на културата во Македонска Каменица

Потпишување на книгата и средба со читателите во Македонска Каменица

Потпишување на книгата и средба со читателите во Македонска Каменица

Од промоцијата на „Македонска традиционална медицина“ во Струмица

Од промоцијата на „Македонска традиционална медицина“ во Центарот на културата – Струмица

Средба на Драган Јованов со струмичани

Средба на Драган Јованов со струмичани

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.