„Арс Ламина“ донира книги во рамки на акцијата „И јас сум Дедо Мраз”

 

Издавачката куќа „Арс Ламина“ со своја донација и оваа година е дел од најголемата добротворна предновогодишна акција „И јас сум Дедо Мраз”, организирана од здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“. Хуманитарниот пакет на „Арс Ламина“ содржи над 100 книги, сликовници и боенки, кои ќе бидат наменети за деца од висок социјален ризик.  Донацијата ќе им го олесни финансискиот товар на многуте родители кои, за жал, не се во можност да им овозможат на своите деца пакетчиња и подароци за новогодишните и божиќните празници. Почнувајќи од 17 декември, пакетчињата од акцијата на „Проект Среќа“  ги доставува лично Дедо Мраз, до повеќе од 1000 деца од цела Македонија.


Ова е втора година по ред како издавачката куќа „Арс Ламина“ ја поддржува акцијата „И јас сум Дедо Мраз” под мотото: „Секое дете треба и мора да има среќна Нова година“.
Покрај ланската предновогодишна акција „И јас сум Дедо Мраз”, „Арс Ламина“ со пакет едукативни помагала и училишни материјали ја поддржа и добротворната кампања „Среќна школска година“. Годинава, исто така, заеднички ја збогатија и училишната библиотека на ПОУ „Златан Сремeц“ – Скопје, со донација на книги и сликовници.

Приклучете се и вие на големиот проект на здружението Проект Среќа и ставете насмевки за време на новогодишните празници на лицата на стотици деца кои живеат во тешки услови низ цела Македонија!

#проектсреќа #арсламина #ијассумдедомраз

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.