Нова книга: „Светлината на Сатурната“ од Кристина Димовска

„Светлината на Сатурната“ е прв роман на Кристина Димовска, кој според својата структура претставува жанровски хибрид, што третира тема што инаку припаѓа на епска фантастика. Романот е слоевит и експериментален и е наменет на читатели со теориски компетенции, но и за публика која би го доживеала текстот како една заводлива и интригантна приказна.

Сместен на двомеѓето меѓу видливиот свет на Земјата и фантастичниот свет на Сатурната, романот „Светлината на Сатурната” постепено навлегува во приказната на средношколката Адора, која тргнува на патување со нејзините соученици и кој без никакво предупредување ќе се најде во кралството на Сатурната. Таму, во земјата наречена Сатурната, се води долга војна меѓу Орхидите, владетелите на кралството на Светлината и поданиците на Мат-уруус, земја на север од кралството. Адора станува дел од приказната на Сатурната и нејзината судбина, а дејството постепено ја открива нејзината улога не само во војната туку и во животите на сите оние што ќе ги запознае во кралството. Преку живописни описи полни со егзотични мириси и бои, овој роман, иако жанровски е определен како епска фантастика, загатнува низа прашања што го тангираат современиот читател; тоа се прашања што се однесуваат на границата меѓу стварното и имагинарното, свеста и потсвеста, идентитетот, моралните вредности и нивното побивање или прекршување.

Кристина Димовска (Скопје, 1987) е истражувач на кратките жанрови и на детскиот фолклор на Одделот за етнотеатрологија и фолклористика при Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Додипломските, постдипломските и докторските студии ги завршила на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено многубројни научни трудови на македонски и на англиски јазик во печатени и во електронски списанија. Автор е на предговорот кон вториот том на средновековна епска и лирска поезија во издание на издавачката куќа „Арс Ламина“. „Светлината на Сатурната“ е нејзин прв роман во издаваштво на издавачката куќа „Арс Ламина“ и под уредништво на Бисера Бендевска.

Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.