Состанок „на слепо“ со книга

Веројатно веќе сте уверени во вистината на изреката „Не суди ја книгата по нејзината корица“. Во морето од книги сигурно имате фаворит чија корица не е атрактивна за очи, но приказната ве одушевува. Но, дали би купиле книга ако не сте ја виделе корицата? Дали сте доволно љубопитни да ја прочитате без да го знaете нејзиниот наслов? Дали би имале состанок „на слепо“ со книга?

И додека книжарниците и издавачите ги примамуваат клиентите да ја купат книгата со најшарени и најинтересни корици, има и такви што продажбата ја зачинуваат со мистерија, нудејќи ги книгите завиткани во украсна хартија или пакпапир без притоа да го откријат насловот и изгледот на изданието. Книгите се рачно спакувани и често имаат лична порака од личноста што ги завиткала, а која не секогаш е поврзана со содржината на книгата. Најчесто се нудат наслови од одлични автори или други големи книги кои читателите можеби ги пропуштиле или, пак, не го добиле публицитетот што го заслужуваат.

Овој симпатичен тренд, почнал во Австралија, а сега се практикува и во големите културни центри во САД и Европа. Состанок „на слепо“ со книга е дел и од претпразничната понуда на книжарниците „Литература.мк“.
Ова е совршенo изненадување за сите страсни вљубеници на книгата и сите оние што сакаат неизвесност. Тоа е подарок кој може да се отвори повеќе од еднаш. Можете да го подарите на драга личност со која ја делите пасијата за читање или, пак, на себеси. 🙂

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.