„Шарено марено“ е коавторски проект на двајца познати и реномирани автори: писателот и поет за деца, Ванчо Полазаревски и илустраторката Наташа Костовска. „Шарено марено“ е книга наменета за децата од предучилишна и раноучилишна возраст, која ја сочинуваат повеќе авторски песни и илустрации, во издание од А4 формат со тврд повез.
Веселите, духовити песни на Полазаревски, во неговиот препознатлив стил, имаат цел да ги изнезнадат, зачудат и најчесто насмеат до солзи малите читатели, а илустрациите на Костовска само помагаат во целосното доживување.
Оваа книга, освен за читање дома, би бил одлична изборна литература за нижите одделенија во основните училишта.
Во продолжение е една песна застапена во „Шарено марено“ .
Црното и шареното
Се степаа црното
и шареното
ха знам каде,
може во Измисленото.
Црнилото, лаком мрак,
лапна еден тетрапак,
Продолжи пак и пак,
дур не падна мрак.
Шареното почна
да губи сила,
ко саат точна,
се појави Мила.
Почна мракот силно
да го мие, да го трие,
да го гледа милно,
а ако треба и – ќе го бие.
Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.