Новогодишна магија за најмладите со „Литература.мк“

Светкав, разигран, распеан… декември е највеселиот месец во годината. Додадете магија на претпразничниот амбиент со волшебните приказни од полиците на „Литература.мк“. Во нив самовилата Исидора Мун создава зимска магија, Дина и Додо прават Снешко-смешко и сретнуваат двајца Дедо Мразовци. Дознајте како изгледа волшебната ноќ во шумата. Откријте што сонува Дедо Мраз, и патувајте во светот на басните и бајките од Македонија и стигнете до ѕвездите со „Ѕвездено дете“.
Оваа година збогатете ги пакетчињата за вашите најмили со подароци, кои се трајни, едукативни, забавни и што е најважно – не ги расипуваат забите. Доколку сакате во очекување на Новата 2019 година да подарите, малку поинакво пакетче, проверете ја понудата на „Литература.мк“ со „СМАРТ-пакетчиња“ за умни дечиња на следниот линк.

Во продолжение е избор од новогодишни наслови со кои може да ги израдувате најмладите.

 „Исидора Мун прави зимска магија“ – Хариет Мункастер

Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква. Мајка ѝ е самовила, а татко ѝ е вампир, а таа е по малку од двете. Исидора обожава да си игра на снег, особено кога нејзините снежни фигури оживуваат! Но, снежната магија не може да трае засекогаш. Ќе успее ли Исидора да ги спаси своите нови другарчиња пред да се стопат? Книгата е дополнета со забавни активности и работи што можете да ги направите заедно со Исидора и Розовото зајаче.
Ова е петта книга за Исидора Мун објавена на македонски јазик, по приказните кога таа: оди на балет, на училиште, на кампување и слави роденден.
Книгата е достапна за нарачка на literaturа.mk на следниот ЛИНК како и во книжарниците „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ бр. 21, во City Mall (втор кат), Ramstore Mall (прв кат) и во Битола на ул. „Широк Сокак“ бр. 40.

 „Авантурита на Дина и Додо“ – Билјана С. Црвенковска


Знаете ли како се прави снешко? А смешко? Хе, хе, ако не знаете, прочитајте во снежната авантура на Дина и Додо… Дина и Додо се братче и сестриче кои, како и сите деца, многу сакаат авантури. И тоа какви авантури! Во „Авантурите на Дина и Додо“ читаме приказни, решаваме загатки, учиме нови работи, мноооогу се смееме на глас, но и… раскажуваме свои приказни! Секоја од приказните може да има различен крај! Како? Останува на нашите мили мали палавковци (оние слични на Дина и Додо) самите да го раскажат!
Сликовниците на Дина и Додо се достапни за нарачка на literaturа.mk на следниот линк.

„Што сонуваше Дедо Мраз“ – Билјана С. Црвенковска

Се ближи Нова година, но нешто необично се случува. Во сандачето на Дедо Мраз пристигнаа едвај неколку писма. Поштарот доаѓа ретко, а и во електронското сандаче се појави само една порака. Само една?! Да, само една, и тоа крајно вознемирувачка.
„Скандалозно!“ ќе извика Дедо Мраз, откако ќе ја прочита пораката.
А потоа следува една волшебна, и смешна и тажна, и возбудлива и опасна авантура, што ќе го одведе Дедо Мраз во Земјата на соништата, а џуџињата Лутко, Буцко и Спанко ќе пропатуваат половина Земјина топка и назад… и сето тоа во само една единствена ноќ! „Што сонуваше Дедо Мраз“ е роман за деца и за сите што сакаат да сонуваат.
Книгата е достапна во книжарниците на „Литература.мк“, а може да ја нарачате и на следниот линк.

 „Дедо Мраз кај Матеј и Луна“ – Билјана С. Црвенковска


Се ближи Нова година, а близначињата Матеј и Луна се на гости кај баба им Цвета. Тие веќе испратија писмо до Дедо Мраз и очекуваат подароци, но изгледа дека тој има нешто друго на ум… Прочитај ја приказната и решавај многу загатки во оваа сликовница со активности: цртање, боење, пишување, броење, сметање и уште многу забава! Сликовницата е достапна во книжарниците на „Литература.мк“, а може да ја нарачате и на следниот
линк.

„Бајки од Македонија“ – Билјана С. Црвенковска, Катерина Николовска

„Бајки од Македонија“ е составена од четири бајки, односно македонски волшебни приказни што претставуваат дел од нашата усна традиција. Овие приказни, собрани од Марко Цепенков и Танас Вражиновски, сега се преточени во модерни сликовници, адаптирани на модерен јазик и приспособени за децата од предучилишна возраст. Илустрациите за „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“, „Девојчето и дванаесетте месеци“ и „Вејко Северко“ ги изработи младата илустраторка Катерина Николовска, чие идејно решение беше избрано за најдобро на јавниот конкурс на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“. Едицијата „Бајки од Македонија“ е последниот проект на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, а е реализиран во партнерство со „Арс Ламина“. Изборот на бајките беше направен со стручна помош од професор д-р Ермис Лафазановски од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, а бајките ги адаптираше Билјана Црвенковска.

Книгата е достапна во книжарниците на „Литература.мк“, а може да ја нарачате и на следниот линк.

„Волшебна ноќ во шумата“ – Билјана С. Црвенковска

Нежна новогодишна приказна за волшебната ноќ во шумата. Сликовница со магични илустрации на најмладите читатели.
Книгата е достапна во книжарниците на „Литература.мк“, а може да ја нарачате и на следниот линк.

„Ѕвездено дете“ – Ване Костуранов


Ѕвездан е дете кое живее меѓу ѕвездите. А кога живееш меѓу ѕвездите, животот ти е исполнет со нив. Ѕвездан е вистински мајстор за ѕвезди: ги поправа кога ќе престанат да светат, пловејќи меѓу нив со своето бротче. Исплашен од помислата некоја ѕвезда да не падне, Ѕвездан доаѓа до едно големо откритие… што понатаму ќе го доведе до нешто сосема, сосема неочекувано… „Ѕвездено дете“ е нежна, ѕвездена приказна за желбите, стравовите, осаменоста и љубовта. Авторот на книгата, Ване Костуранов е роден во 1979 година во Струмица. Уште од мал повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови. Неговата најголема желба – никогаш да не порасне, реши сам да си ја оствари, употребувајќи ги сликарството и илустрацијата како жива ограда од светот на возрасните. Својот светоглед го има споделено на повеќе изложби во земјата и во странство, а „Ѕвездено дете“ е негова прва сликовница за деца и возрасни.

Книгата е достапна во книжарниците на „Литература.мк“, а може да ја нарачате и на следниот линк.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.